Насловна / Вести / Денес „Протест за стоп на увоз на опасен отпад“

Денес „Протест за стоп на увоз на опасен отпад“

Денес, од 15 до 17 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи „Протест за стоп на увоз на опасен отпад“. Организаторите од Петоци за иднината велат дека ќе го окупираат просторот пред Собранието и од таму ќе побараат средба со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, со цел да се добие објаснување зошто донесувањето на овој закон континуирано се одложува.

protest

“Дворските игри кои партиите ги играат во парламентот под превез на преговори за законот за отпад е најнов доказ дека чистиот воздух за нив е небитен кога ги загрозува профитите на големите бизниси, како тој за увоз на опасен отпад. Во ноември минатата година коалицијата Зелен Фронт најави дека неисполнување на барањата, меѓу кое клучно беше носење на закон за отпад до крајот на 2019-та, ќе биде повод за граѓанска непослушност“, велат од Петоци за иднината.
Како дел од коалицијата и предводник на зелената револуција, Петоци за Иднината ќе одржи мирен собир на кој со заземање на улицата и седнување (sit-in) симболично ќе го демонстрира бесконечното чекање на граѓаните за здрава животна средина. Секој кој се наоѓа погоден од оваа ситуација е добредојден да ни се придружи!, нагласуваат организаторите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top