Насловна / Архитектура / Дејвид Чиперфилд: Профитот не е единственото нешто што треба да ги мотивира нашите одлуки

Дејвид Чиперфилд: Профитот не е единственото нешто што треба да ги мотивира нашите одлуки

На 7 март 2023 година во Чикаго, САД, беше прогласен 52-риот по ред лауреат на Прицкеровата награда за архитектура за 2023 година: сер Дејвид Алан Чиперфилд  Ц. Х. Наградата која се смета за највисоко меѓународно признание во доменот на архитектурата ќе му биде врачена на церемонија која ќе се одржи во мај оваа година во Атина.

1175-10-ac-n3-high-copy

Сер Дејвид Чиперфилд е роден во 1953 година во Лондон и израснат на селска фарма во Девон, југозападна Англија. Збирка амбари и помошни објекти, исполнети со детско чудење и сеќавање, го обликуваат неговиот прв силен физички впечаток за архитектурата.  За лауреатот добрата архитектура е онаа неприметната, која го дава амбиентот и која вообичаените работи ги прави специјални, наспроти онаа каде сè е за специјалното.

dc_7_6_11.tif dc_7_6_12.tif

Музејот на реката и веслањето во Хенли на Темза

Тој дипломирал на Уметничката школа Кингстон во 1976 година и на Школата за архитектура при Архитектонската асоцијација во Лондон во 1980 година, каде што научил да стане критичар преку повторно согледување на потенцијалот на секој елемент, а со цел да го подобри секој проект во однос на оригинално поставената задача.  За него проектирањето не е изнаоѓање на бои и форми, туку развивање на низа прашања и идеи со строгост и последователност, како резултат на кои не е важно која патека ќе ја следите сè додека истата доследно се следи и е последователна на процесот.

Neues Museum 3

Музејот Нојс во Берлин

Тој работел со Даглас Стивен, Норман Фостер и Ричар Роџерс пред да го основа своето биро Дејвид Чиперфилд Архитектс во Лондон во 1985 година, кое подоцна  се проширило преку филијалите во Берлин (1998), Шангај (2005), Милано (2006) и Сантјаго де Компостела (2022).  Лауреатот Чиперфилд живее во Лондон.

Својата професионална кариера ја започнал со проектирање на ентериер за малопродажни објекти за покојниот Исеј Мијаке, што му овозможило да проектира и во Јапонија.  Музејот на реката и веслањето во Хенли на Темза (1989-1997) е неговиот прв објект во неговата татковина, но тој продолжил да работи и во странство, постигнувајќи ран успех за реконструкција и преосмислување на Музејот Нојс во Берлин, (1993-2009) и за новоизградената Џејмс Сајмон галеријата во Берлин (1999-2018).  Проектирањето на објекти во други земји и за други култури го развило неговото чувство за одговорност во формативните години на неговата професионална кариера.

mis

реновирање на Националната галерија на Мис ван дер Рое во Берлин

Соработката отсекогаш била од фундаментално значење за неговата пракса, потврдувајќи со сигурност дека „реалноста е дека добрите згради доаѓаат од добар процес и добар процес значи дека се ангажирате и соработувате со различни сили.“ Неговиот досегашен четиридецениски опус резултирал во над сто дела, од различни типологии и местоположби, почнувајќи од јавни, културни и универзитетски објекти до станбени и урбанистички планирање низ Азија, Европа и Северна Америка.

Подемот на неговата пракса бил проследен и со неговото силно застапување на социјална и еколошка благосостојба, отфрлање на архитектурата во служба на глобалната моќ наместо за локалното општество, и меѓусебно поврзаниот недостаток на трајност што придонесува за климатската криза.

Morland Mixité Capitale 2

Морланд Миксити Капитале во Париз

Во текот на последниве години, тој развил длабока наклонетост и посветеност кон заедницата на Галиција, еден од најсиромашните региони во Шпанија, кој парадоксално напредува со висок квалитет на живот. Преку основањето на Фондацијата РИА во 2017 година, Чиперфилд почнал да спонзорира истражувања, промовира идеи и да го усогласува идниот развој, поттикнувајќи локално фокусирана заштита на природните и изградени средини поврзани со глобалните предизвици долж брегот на реката Риа де Ароуса.

Amorepacific Headquarters 1 Amorepacific Headquarters 3 Amorepacific Headquarters 5

Седиштето на Аморепацифик во Сеул

Наградата Прицкер се доделува како признавање на оние квалитети на талент, визија и посветеност, кои даваат значаен придонес за човештвото и изградената средина преку уметноста на архитектурата. Кариерата на лауреатот е обележана со долгорочна строгост и конзистентност во неговиот опус кои беспрекорно ги интегрираат и балансираат двете страни на равенката.

Внимателните, доброизработени, прецизни и мирни одговори што тој ги нуди во неговите дела можат да потекнуваат само од длабоко и одржливо познавање на дисциплината. Тие одговори никогаш не се егоцентрични и секогаш остануваат фокусирани на повисоката цел, на потрагата по јавно добро.

BBC Scotland 1 BBC Scotland 2

Би-Би-Си Шкотска, Глазгов

Неговото творешетво е поткрепено со познавање на дисциплината, интелигенција и скромност, талент и зрелост.  Тој вешто ги избра алатките што се во служба на проектот, наместо оние што би можеле да го прослават архитектот како уметник. Ваквиот пристап објаснува како надарен архитект понекогаш може речиси да „исчезне“ кога работи на реставрација или реновирање на постојните згради и на архитектонски ремек-дела како оние на Музејскиот остров во Берлин или во случајот на Националната галерија на Мис ван дер Рое во Берлин. Ова исто така, објаснува зошто умешноста на лауреатот се искажува во целост кога се создава од почеток.

Saint Louis Art Museum 2

Музејот на уметност во Кампус Сент Луис, САД

Елеганција, воздржаност, чувство на трајност, јасни композиции и префинети детали, се основните белези на неговите реализации кои секој пат зрачат со јасност, изненадување, софистицирана контекстуалност и сигурно присуство. Во период на прекумерна комерцијализација, дизајнирање и претерување, тој секогаш може да постигне рамнотежа: помеѓу модерен минималистички архитектонски јазик и слобода на изразување, помеѓу апстрактни изјави и ригорозна елеганција која никогаш не е лишена од сложеност.

Museo Jumex 1

Музеј Џумекс во Мексико Сити

Прецизниот и конзистентен квалитет на дизајнот е видлив низ широкиот спектар на типови згради на коишто Дејвид Чиперфилд работел. Музеите го одбележале почетокот на неговата кариера. Почнувајќи од мали дела слободно стоечки во пејзажот до големи на истакнати, сложени и деликатни урбани локации, неговите музејски згради отсекогаш се спротивставувале на идејата дека музејот е место за елитна култура. Континуирано, тој ги толкувал барањата на проектната програма за да создаде не само изложба за уметност, туку и место испреплетено со градот во кој се наоѓа, притоа рушејќи ги границите и поканувајќи ја јавноста целосно да се вклучи.

Royal Academy of Arts 2

Кралската Академија на уметностите во Лондон

Континуирано неговите музејски објекти создавале нови градски простори, нови модели на движење во градот и нови начини за интеграција на постојното ткиво.

Во рацете на Чиперфилд, музеите како и други институции и објекти, нудат трансформација на урбаниот живот.  Дарежливите надворешни простори не ги прават тврдини туку конектори, места за собирање и набљудување, така што самата зграда е подарок за градот, заедничка основа дури и за оние кои никогаш не влегуваат во галериите.

натка

Новиот Музеј на современа уметност во Цирих

Неговите згради отелотворуваат командна рамнотежа на навидум контрадикторните поими дека се комплетни сами по себе како архитектонски проекти каде што секој детал е замислен како внимателно проучен дел од една целина, за во исто време да создаваат меѓусебни врски со градот и со општеството на таков начин што фундаментално ќе го трансформираат целото опкружување.

Во неговата упорна потрага по разновиден, цврст и кохерентен опус, Дејвид Чиперфилд успева да не отстапува од сериозното разгледување на духот на местото или од растечките разновидни културни контексти во кои работи.  Не гледаме веднаш препознатлива зграда на Дејвид Чиперфилд во различни градови, туку различни згради на Дејвид Чиперфилд дизајнирани специјално за секој поединечен случај.  Секој објект го потврдува своето присуство дури и кога неговите згради создаваат нови врски со соседството.

The Hepworth Wakefield 2 The Hepworth Wakefield 1

The Hepworth Wakefield, уметнички музеј, Јоркшир

Неговиот архитектонски јазик ја балансира конзистентноста со основните принципи на дизајнот и флексибилноста кон локалните култури. Тој вклучува колонади во неговите европски проекти и во кинеските дворови, тој користи локални материјали на луксузни начини, обични техники во сложени структури. Тој го подобрува квалитетот на животот на луѓето преку поетска сензација која секогаш тече од неговите згради. Според жирито: „Неговиот архитектонски јазик ја балансира конзистентноста со основните принципи на дизајнот и флексибилноста кон локалните култури… творештвото на Дејвид Чиперфилд го обединува европскиот класицизам, сложената природа на Британија, па дури и деликатноста на Јапонија. Тоа е плод на културната разновидност.“

Inagawa Cemetery 1

Капела и центар за посетители на гробиштата Инагава во Хјого, Јапонија

Оваа посветеност на архитектурата на потценетото, но трансформативно градско присуство и дефиницијата на јавниот домен, секогаш се прави со штедење, избегнувајќи непотребни потези и оддалечувајќи се од трендовите и од модата, е најрелевантната порака за нашето современо општество. Таквиот капацитет за дестилирање и изведување операции со медииран дизајн е димензија на одржливост што не беше очигледна во последниве години: одржливоста како релевантност, не само што го елиминира излишното, туку е и првиот чекор кон создавање градби способни да траат, физички и културно.

Не е ни чудо што еден од атрибутите што паѓаат на ум кога се доживува творештвото на Дејвид Чиперфилд е оној на класиката, нешто што ќе може да го издржи тестот на времето.  Класичен не по стил, туку по тоа што е верен на одговорност кон чинот и кон уметноста на градење, верен на трите основни витрувиски квалитети: firmitas – utilitas – venusitas (сила – корисност – убавина).  Далеку од гледање кон создавање иконски, изолирани изјави, тој наизменично ја менува воздржаноста и храброста во многу лично толкување на улогата на архитектурата.

pariz

Морланд Миксити Капитале во Париз

Дејвид Чиперфилд верува дека улогата на архитектот е да поттикне нови начини за подобрување на животот и егзистенцијата на планетата каде што човештвото го направи нашиот дом место на повредливост. Неговата визија за таквата улога постојано се проширува од начините како да се интегрира индивидуална зграда и во нејзината локација и во нејзината локална култура, до разбирање на најшироката дефиниција за локацијата и културата.

Во последните години, ова ја презеде формата не на градење, туку на донесување просторна и еколошка експертиза за уредување и грижа за пејзажите на регионот што тој го нарече втор дом, Галиција во северозападна Шпанија. Овде Фондацијата РИА се обидува да советува за зачувување на испреплетениот пејзаж, земјоделството, екологијата и земјишните традиции на еден регион за да помогне во зачувувањето и проширувањето на екосистемот во наредните децении дури и пред предизвиците на климатските промени.

sent

Музејот на уметност во Кампус Сент Луис, САД

За строгоста, интегритетот и релевантноста на телото на работа што ја надминува областа на архитектонската дисциплина зборува неговата социјална и еколошка посветеност, а за што Дејвид Чиперфилд е именуван за лауреат на Наградата Прицкер во 2023 година.

Суптилен, но моќен, покорен, но елегантен, тој е плоден архитект кој е радикален во својата воздржаност, покажувајќи ја својата почит кон историјата и културата, истовремено почитувајќи ги веќе постоечките изградени и природни средини, бидејќи повторно ја замислува функционалноста и пристапноста до нови згради, реновирање и реставрации преку безвременски модерен дизајн кој се соочува со климатските промени, ги трансформира социјалните односи и ги оживува градовите.

„Јас сум толку преоптоварен што ја добив оваа извонредна чест и да бидам поврзан со претходните добитници, кои сите дадоа голема инспирација на професијата“, забележува Чиперфилд.  „Ја земам оваа награда како охрабрување да продолжам да го насочувам моето внимание не само кон суштината на архитектурата и нејзиното значење, туку и кон придонесот што можеме да го дадеме како архитекти за решавање на егзистенцијалните предизвици на климатските промени и општествената нееднаквост. Знаеме дека, како архитекти, можеме да имаме поистакната и ангажирана улога во создавањето не само поубав свет, туку и поправеден и поодржлив. Ние мора да одговориме на овој предизвик и да помогнеме да ја инспирираме следната генерација да ја прифати оваа одговорност со визија и со храброст.“

Чиперфилд ги пресметува еколошките и историските влијанија на трајноста, прифаќајќи го претходно постоечкото, проектирајќи и интервенирајќи во дијалог со времето и местото за усвојување и освежување на архитектонскиот јазик на секоја локација.  Џејмс Сајмон Галеријата во Берлин (2018) е сместена на тесен остров долж каналот Купферграбен, достапен преку мостот Шлосбрике и служи како порта кон музејскиот остров. Командувајќи, иако дискретни, колонадите со големи размери затвораат тераса, широки скали и прифатилиште на отворени простори коишто овозможуваат изобилство на светлина во големиот влез на зградата. Проектот овозможува дарежлив поглед однатре, дури и до соседните згради и до околниот урбан пејзаж.

James-Simon-Galerie 8

Џејмс Сајмон Галеријата во Берлин 

Во делата на обнова на постојни објекти, неговата прецизност е проткаена со историска острина, информирајќи ја неговата визија секогаш да го искористи оригиналниот дизајн и градба, наместо целосно да ги замени со модерна архитектура.   „Како архитект, јас сум на некој начин чувар на значењето, меморијата и наследството. Градовите се историски записи, а архитектурата по одреден момент е историски запис. Градовите се динамични, така што тие не само што седат таму, тие се развиваат. И во таа еволуција, ги одземаме зградите и ги заменуваме со други. Ние се избираме себеси, а концептот само за заштита на најдоброто не е доволен. Исто така, станува збор за заштита на карактерот и на квалитетите што го одразуваат богатството на еволуцијата на градот.“

Музејот Нојс во Берлин (2009), изграден во средината на 19 век и оставен уништен и напуштен за време на Втората светска војна, ја демонстрира проникливоста на Чиперфилд помеѓу зачувувањето, реконструкцијата и додавањето. Идејата е во разговор со старото, бидејќи архитектурата од минатото е доведена во преден план, давајќи моменти на модерност, како што се впечатливите нови главни скали опкружени со ѕидови кои откриваат траги од оригинални фрески и пренаменети материјали, дури и оние кои биле нарушени од воени дејствија. Дарежливиот надворешен простор прави врска за сите, дури и за оние кои никогаш не влегуваат во галериите.

Procuratie Vecchie 5 Procuratie Vecchie 3

Прокурати Веки во Венеција

Неговата реставрација и реинвенција на Прокурати Веки во Венеција (2022), која датира од 16 век, ја редефинирала способноста на оваа зграда во срцето на градот да овозможи општ пристап за прв пат. Тој го издигнал партнерството преку неговите процеси, поддржувајќи го своето верување дека архитектурата и занаетот се испреплетени. Ги повикал традиционалните занаетчии да ги оживеат оригиналните фрески, терацо и пастелонски подови и гипсени работи, откривајќи слоеви на историјата, истовремено инкорпорирајќи локални занаетчиски и градежни техники за производство на модерни интервенции како што е вертикалната циркулација.  Реставрираната зграда сега овозможува поглед одозгора и однатре, откривајќи тераси на покривот, изложбени и простори за настани, аудиториум и серија од сводови кои дивергираат во галерии.

America's Cup Building 1 America's Cup Building 2

Зградата на купот на Америка „Велес е Вентс“ во Валенсија

Секое негово дело станува граѓански потфат што му служи на општеството, како што е Зградата на купот на Америка „Велес е Вентс“ во Валенсија (2006), наменета првенствено како објект за привремено гостопримство за надворешни тимови и спонзори.  Надворешниот простор ја надминува внатрешноста и конзолните палуби за гледање се видиковци, дарежливи по големина, некои опфаќаат и по 15 метри во ширина околу периметарот на секое ниво што се преклопува. Чиперфилд внесува програма за јавноста, преку малопродажни простори на првиот кат и достапна палуба која нуди неограничен поглед на каналот и градот. Рампата од ова ниво создава директна патека до парк северно од локацијата. Неговата реставрација и доградба на Морланд Миксити Капитале во Париз (2022) го ревитализира соседството со комбинација на достапно и луксузно домување, места за продавници и ресторани, хотел и хостел, простор за инсталација и градска градина на кровот. Со подигнување на новите волумени на носечки лаци кои продолжуваат во основата на оригиналната зграда, архитектот создава простор за собирање, поканувајќи ги да поминат покрај или да поминат низ новиот визуелен и физички премин до Реката Сена од булеварот Морланд.

dca 010

Тарнер Современа галерија во Маргејт

Без разлика дали преку јавни или приватни згради, тој му дава на општеството можност за соживот и заедница, заштитувајќи ја индивидуалноста додека поттикнува општествено чувство на припадност. Седиштето на Аморепацифик во Сеул (2017) претставува усогласување на поединецот и колективното, приватното и јавното, работата и одморот. Вертикалните алуминиумски брисолеи низ стаклената фасада обезбедуваат соларно засенчување за да им помогнат на термичките услови  и на природната вентилација во објектот и да создадат проѕирност, поттикнувајќи го односот помеѓу станарите, соседите и набљудувачите. Канцеларискиот простор е опремен со јавен атриум, музеј, библиотека, аудиториум и ресторани. Централниот двор овозможува поглед кон околните згради и висечките градини кои дополнително ја вклучуваат заедницата внатре со елементите надвор. Во Капелата и во Центарот за посетители на гробиштата Инагава во Хјого (Јапонија, 2017), сместени на планините Хокусецу, физичко и духовно коегзистираат со места на осаменост и собирање, за мир и трагање. Овие меѓусебно поврзани изрази се огледуваат во монолитни згради, скали и патеки кои опстојуваат среде наклонет терен и затскриената неденоминациска капела и центарот за посетители кои се споени дијагонално.

Значајни дела ги вклучуваат и Музејот на реката и веслањето во Хенли на Темза, (1997), седиштето на Би-би-си Шкотска, Глазгов (2007), Тарнер Современа галерија во Маргејт (2011), Музејот на уметност во Кампус Сент Луис (Мисури, САД, 2013), Кампусот Јоакимштрасе, Берлин (2013), Музејот Џумекс во Мексико Сити (2013), Еден Панкрас плоштад во Лондон (2013), Урбанистичко решение за Кралската академија на уметностите во Лондон (2018), Хокстон Прес (Лондон, 2018) и Кунстхаус Цирих (2020).

Turner Contemporary 3

 Тарнер Современа галерија во Маргејт

Чиперфилд е добитник на повеќе награди: Кралскиот златен медал на Кралскиот институт на британските архитекти (2011), Мис ван де Рое наградата на ЕУ за современа архитектура (Шпанија, 2011) и Хајнрих Тисенау медалот (Германија, 1999).  Избран е за член на Кралската академија на уметности (2008), доделен му е Редот на честа од Република Германија (2009), и Премиум Империале за архитектура на Асоцијацијата за уметност на Јапонија (2013), член е на Кралскиот институт на британските архитекти и почесен член на Американскиот институт на архитекти и на Бунд Дојчер Архитектен.

Чиперфилд бил куратор на 13-тото Биенале на архитектура во Венеција во 2012 година, бил избран за ментор во Ролекс Ментор и Протеже Артс иницијативата (2016-2017), и гостин уредник на Домус во 2020 година. Тој бил професор по архитектура  на Статлише академи дер билденден кунсте, во Штутгарт (1995-2001) и Норман Р. Фостер гостин професор по архитектонско проектирање на Универзитетот во Јеил (2011).

london

Hoxton Press, Лондон

Назначен е за командант на редот на Британската Империја во 2004 година, прогласен е за витез во 2010 и назначен е во Редот на почесните придружници во 2021.

Алехандро Аравена, претседател на жирито, елаборира: „Во свет каде што многу архитекти гледаат на нарачката како можност да додадат во своето портфолио, тој одговара на секој проект со специфични алатки што ги избрал со прецизност и големо внимание. Понекогаш тоа бара гест кој е силен и монументален, додека во други пригоди, бара речиси да исчезне. Но, неговите згради секогаш ќе го издржат тестот на времето, бидејќи крајната цел на неговото работење е да му служи на поголемото добро. Избегнувањето на она што е модерно му овозможи да остане постојан.“

000

Тој е уверен без самоодважност, постојано избегнувајќи трендовски да се соочи и да ги одржи врските помеѓу традицијата и иновациите, служејќи им на историјата и на човештвото, коментира Том Прицкер, претседател на Фондацијата Хајат, која ја спонзорира наградата. Додека неговите дела се елегантно маестрални, тој ги мери достигнувањата на неговите проекти преку социјална и еколошка благосостојба за да го подобри квалитетот на животот за целата цивилизација.

За Чиперфилд, Архитектите не можат да работат надвор од општеството. Потребно е општеството да им се приклучи.  И да, можеби можеме да провоцираме и да се жалиме, и можеме да најдеме модели. Но, ни треба рамка за планирање, ни требаат амбиции, ни требаат приоритети. Во суштина, она на што сега треба да се надеваме е дека еколошката криза нè тера да ги преиспитаме приоритетите на општеството, дека профитот не е единственото нешто што треба да ги мотивира нашите одлуки.

Испрати коментар

Scroll To Top