Насловна / Екологија / Растенијата се селат поради климата

Растенијата се селат поради климата

rastenija.jpgРастителниот свет на
планетата е во движење,
а причина за тоа се
климатските промени,
покажува новата анализа за
промените во вегетацијата на
истражувачите од Универзитетот
Беркли, Калифорнија,
пренесува магазинот Science
Daily .

Научниците посочуваат
докази дека во последниов
век вегетацијата постепено
се повлекува кон север,
кон половите, каде што
температурите се пониски,
како и кон екваторот, каде што
врнежите се поинтензивни.
Проценките се дека на
половина од земјината
површина до крајот на овој век,
ќе се случуваат големи промени
во вегетацијата како последица
на климатските промени.
Во студијата која анализира
стотици извештаи од теренот,
промените во климата во 20 век
и проекциите за вегетацијата во
21 век, се вели дека површината
што ќе биде зафатена со
промените ќе зависи од
човековата способност да ги
намали емисиите на штетните
стакленички гасови.

 

Трева наместо шума

Извештаите од теренот што
ги анализираа научниците се
однесувале на долготрајните
промени во вегетацијата во
кои доминантна улога имала
климата, а не човековите
активности како што е
прекумерното сечење на
шумите. Истражувачите
идентификувале 15 случаи
на промени во биомите,
почнувајќи од 18 век, кои иrastenija2.jpg се
припишуваат на климата и на
намалувањето на врнежите.
- Ова е првото глобално
согледување на промените
во биомите како резултат на
климатските промени. Не
станува збор за тоа дека еден
или два растителни вида се
преместиле во друга област.
За да се промени биомот во
еден екосистем треба да се
промени цела група растенија
- вели водечкиот автор на
студијата Патрик Гонзалес,
од Центарот за шумарство
на Универзитетот Беркли.
Истражувачите потврдиле
дека од 1901 до 2002 година
температурите на воздухот
значително се зголемиле
на 76% од светското копно,
со најголемо загревање во
бореалните или субарктичките
региони. Студијата посочува
примери, кои шумски површини им отстапиле место на тревите
во африканскиот регион
Сахел, а грмушките навлегуваат
во тундрата на Арктикот.
- Намалувањето на бројот
на дрвјата и на грмушките во
регионот Сахел, на локалните
жители им остава помали
количини дрво за градење куќи
и за огрев, а стеснувањето на
арктичката тундра го намалува
хабитатот на дивиот свет. На
глобално ниво, промените во
вегетацијата ги пореметуваат
екосистемите, ги намалуваат
живеалиштата на загрозените
видови и ги менуваат шумите
што обезбедуваат вода и
други потреби за многу луѓе
- коментира Гонзалес.

 

Идентификација на местата
со голема ранливост

Врз основа на сценаријата
на Меѓународниот панел
за климатски промени,
истражувачите го поделиле
копното во светот во пет класи
- од најмалку ранливи подрачја
до подрачја со конкретни
промени во биомите.
- Научниците претходно го
немаат пресметано овој ризик.
Развивме едноставен систем
за класификација кој може
да го користат агенциите за
заштита на средината за да
проценат кои региони имаат
потреба од најголема грижа -
смета Гонзалес. Тој вели дека е
корисно да се идентификуваат
местата со голема ранливост
кон климатските промени
зашто агенциите ќе
мора да размислуваат за
мерки на адаптација на
ранливите екосистеми. – Денес во светот околу една
милијарда луѓе живеат во
региони кои се многу, или крајно
ранливи за идни промени во
вегетацијата. Екосистемите се
во многу тесна врска со луѓето,
задоволувајќи разни потреби.
Затоа мора да ги намалиме
емисиите на стакленички
гасови кои ги предизвикуваат
климатските промени, а потоа и
да се адаптираме кон големите
промени кои може да се
случат – нагласува Гонзалес.

 

Како да се пресмета вредноста
на екосистемите?

Истражувачите од Универзитетот
на Илиноис развија нов, поточен
метод за пресметување на
промените на емисиите на
стакленички гасови. Новиот
пристап зема предвид многу
фактори кои не биле вклучени
во претходните методи.
- Постои итна потреба точно да
се процени дали некој проект
за пренамена на плодната
почва ќе ги зголеми или намали
емисиите на стакленички
гасови. Вредноста на одредено
подрачје според стакленичките
гасови (ГХГВ), зависи од бројот
и големината на растенијата
што се дел од екосистемот
на местото, способноста на
екосистемот да впива или
испушта стакленички гасови
и неговата ранливост кон
природни пореметувања, како
пожари или урагани – објаснува
Кристина Андерсон Тешеира,
истражувач во Институтот
за енергија и бионауки на
Универзитетот на Илиноис
и автор на новата студија.
Стакленичките гасови ја заробуваат топлината во атмосферата
и придонесуваат кон климатските
промени. Најпроблематични
стакленички гасови се: јаглеродниот
диоксидот, метанот и азотните
оксиди, коишто се неизбежен
биопродукт на вештачките ѓубрива.
Новиот научен пристап, според
магазинот Science Daily, го зема
предвид секој од овие гасови
и го изразува нивниот поврзан
климатски ефект во "еквиваленти на
јаглеродниот диоксид", вообичаената
валута при тргувањето со јаглерод.
Ова им овозможува на научниците
да ги споредат долгорочните ефекти
од сечењето на некоја шума, на
пример, со вредноста на други
емисии на стакленички гасови, како
оние што се резултат од согорување
на фосилните горива за транспорт,
електрична енергија, топлина или
за производство на биогорива.

 

Новиот метод за пресметка на ГХГВ

- На прв поглед, биогоривата
изгледаат неутрални, зашто
растенијата го апсорбираат
јаглеродниот диоксид од атмосферата
и го складираат во нивните ткива за
да растат. Јаглеродот се испушта кога
растенијата се користат како гориво.
Тие емисии се изедначуваат со
апсорбираните количества СО2, па,
барем во теоријата, во атмосферата
не се додаваат нови количества
јаглероден диоксид – објаснува Иван
Делусиа, професор на Институтот за
енергија и бионауки на Универзитетот
на Илиноис, коавтор на студијата.
Истражувачите веќе прават анализи
на биогоривата што се добиваат од
одредени житни растенија и ги земаат
предrastenija3.jpgвид ефектите на стакленичките
гасови при растењето на житните
култури и при производството на
биогориво (согорувањето на горива
од опремата на фармите, емисиите
од фабриките за преработка на
растенијата и емисиите од промените
во намената на земјиштето).
- Сегашните методи за одредување на
вредноста на екосистемите според
стакленичките гасови често грешат.
Кога се пресметува колку чини да се
замени една тропска шума со нива за
одгледување растенија за биогориво,
на пример, некои може да ја земат
предвид само количината на јаглерод
складирана во дрвјата како мерка за
шумскиот ГХГВ. Она што недостига
во некои анализи е потенцијалот
на таа шума да апсорбира повеќе
јаглерод во иднина, како и цената
на стакленичките гасови што се
ослободуваат од интензивната
обработка на земјата што ќе дојде
со новата намена на земјиштето -
вели за Science Daily Тешеира.
Делусиа додава и дека сегашните
методи не го земаат предвид тајмингот
на испуштањето стакленички гасови.
- Ако исечете цела шума сиот
јаглерод не оди во атмосферата во
истиот момент. Дел од складираниот
јаглерод се испушта веднаш, но
органската материја од коренот и во
почвата се распаѓа многу побавно.
Како се справуваме со тајмингот
на тие емисии влијае на тоа како
ја проценуваме вредноста на еден
екосистем – вели професорот.
Со новиот метод, истражувачите го
пресметале ГХГВ на поголем број
екосистеми, на возрасни и обновени
тропски и бореални шуми, пасишта
и ниви од тропските и умерените
подрачја, мочуришта, тропски
савани, ливади, тундра и пустини.
- Општо земено, природните
екосистеми, оние што ги оставаме
намира, како младите шуми, или
напуштените фарми каде што
дрвјата повторно растат сами, ќе
имаат позитивна вредност според
стакленичките гасови. Екосистемите
што се обработуваат, како нивите
или пасиштата, генерално имаат
ниска или негативна вредност според
стакленичките гасови – вели Тешеира

 

Елена КУЗМАНОВСКА

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top