Насловна / Вести / Авионот Solar Impulse 2 слета во Њујорк

Авионот Solar Impulse 2 слета во Њујорк

Експерименталниот авион на соларен погон Solar Impulse 2 во својата последна фаза слета во Њујорк. Пред да слета на меѓународниот аеродром „ЏФК“, авионот кој што е произведен во Швајцарија направи симболичен лет над Кипот на слободата.sleta

Solar Impulse 2 кој има цел да ја промовира „чистата енергија“, пред два дена полета од Пенсилванија.

Според планот, експерименталното летало требаше кон „Големото јаболко“ да тргне во понеделникот вечерта, но поради грмотевиците и бурите во тоа подрачје, мораше да почека.

Во сензационалниот обид за прелетување на светот без ниту една капка гориво, авионот на соларен погон тргна на своето прво патување од Абу Даби во март. Авионот кој што лета со помош на сончева енергија од 17 илјади соларни ќелии поставени на крилјата со должина од 72 метри, вкупно прелета 35 илјади километри.

Просечната брзина на лет изнесува од 50 до 100 километри на час, а просечната висина изнесува 8500 метри.

Solar Impulse 2 досега леташе преку Индија, Мјанмар, Кина и Јапонија. Авионот веќе го постави рекордот за најдолг лет со помош на соларната енергија кога без сопирање прелета од Јапонија до Хавајските острови – тогаш прелета речиси 8300 километри.

Пред да слета на својата последна дестинација – Абу Даби, Solar Impulse 2 ќе го продолжи својот пат околу светот преку Атлантскиот океан, Северна Африка и Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top