Чилеанскиот архитект од хрватско потекло Смиљан Радиќ Кларк е добитник на Прицкеровата награда за 2026 година, најпрестижната награда во светот во областа на архитектурата. Оваа награда му е доделена за опус што ги поместува границите на современата архитектонска пракса преку експериментирање со материјали, пејзаж и атмосфера на просторот.

Радиќ е роден во 1965 година во Сантијаго, каде што и денес живее и работи. Дипломирал архитектура на Понтификатски католички универзитет во Чиле во 1989 година, а потоа ги продолжил студиите по естетика во Венеција. Го основал своето студио во 1995 година и оттогаш развива пракса што се опира на јасна стилска категоризација, потпирајќи се на силна врска со контекстот, материјалите и искуството со просторот.

Gabriela Medrano, Eduardo Castillo, Teatro Regional del Biobío (2018)
Во образложението на жирито се наведува дека архитектурата на Радиќ истражува „крстосница на неизвесноста, материјалниот експеримент и културната меморија“, додека неговите градби честопати изгледаат кревки, привремени или речиси недовршени, но во исто време создаваат силно чувство на заштита и блискост со корисникот на просторот.

Seprentine Gallery, Лондон
Во текот на својата кариера, тој реализирал голем број значајни проекти, меѓу кои се издвојуваат Teatro Regional del Bío-Bío во Консепсион, павилјонот Serpentine Gallery од 2014 година, како и неколку експериментални куќи и културни објекти во Чиле.
Радиќ е само вториот архитект од Чиле што ја добил Прицкеровата награда, по Алехандро Аравена, лауреатот од 2016 година.

Куќа за песна на прав агол (2013), Вилчес, Чиле
Контроверза околу овогодинешното објавување
Овогодинешното објавување на лауреатот беше накратко одложено, за што пишувавме во Порта 3. Организаторите го поместија објавувањето на наградата откако во јавноста излегоа нови информации од таканаречените „Документи на Епстин“, во кои се споменуваат контактите на Томас Прицкер, претседателот на Фондацијата Хајат – фондацијата што ја доделува оваа награда – со финансиерот Џефри Епстин.

Soba/La Habitación (1992-1997)
Поради дополнителното медиумско внимание и доведувањето во прашање на врската помеѓу семејството Прицкер и Епстин, објавувањето на лауреатот за 2026 година беше поместено од вообичаениот датум на почетокот на март, за на крајот да се одржи неколку дена подоцна.

Ресторан Mestizo (2007), Сантијаго де Чиле

Carbonero House

Guatero

Pite House
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија