Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) на САД, од својата интернет страница го отстранила секое споменување на фосилните горива и активностите на човекот како главен причинител на глобалното затоплување. Ова предизвика остри критики кај научната јавност и предупредувања дека заташкувањето на фактите ги загрозува луѓето и природните ресурси. Од друга страна, Агенцијата порачува дека актуелната американска администрација не сака да им служи на „левичарските политички цели“ и на „климатската секта“.

На претходната верзија на интернет страницата пишувало дека во периодот од индустриската револуција до денес, активностите на човекот довеле до емисии на големи количини CO2 и други гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата, што предизвикува климатски промени. Исто така, било истакнато дека природните процеси имаат одредено влијание врз климата, но дека со тоа не може да се објасни нивото на глобално загревање во текот на последните сто години. Начуниците велат дека е неприфатливо владата да крие информации за работи кои влијаат врз здравјето на луѓето и безбедноста, како и дека овој потег претставува напад на независноста на науката и научниот интегритет. Агенцијата планира одложување на примената на прописите кои ги донела претходната администрација, а кои предвидуваат намалување на емисиите на одредени загадувачки материи, како азотните оксиди, од патничките и комерцијалните возила. Во септември EPA предложи и укинување или суспендирање на обврските за известување за емисиите на гасови со ефект на стаклена градина за некои сектори.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија