Насловна / Вести / Адора Инженеринг ќе гради модерен старски дом „Втора младост“ во Илинден

Адора Инженеринг ќе гради модерен старски дом „Втора младост“ во Илинден

adora inzinering_3

Градежната компанија Адора Инженеринг денес на јавна лицитација купи државно градежно земјиште за изградба на модерен старски дом „Втора младост“ во општина Илинден, Скопје, што ќе биде осмислен како спортско-рекреативен и културно-забавен комплекс „Адора Интернационал“.

На електронското наддавање, на кое учествуваше менаџерскиот тим на компанијата, градежното земјиште од државата е купено по цена од 232 денари за м², наспроти почетната цена од 61 денар за м². На атрактивното земјиште што се наоѓа наспроти хотелот Белви во општина Илинден, Скопје, Адора Инженеринг ќе инвестира во изградба на висококвалитетен комплекс, наменет за сместување и нега на стари лица, граѓани на Македонија и странски државјани, со услови за спортски и рекреативни активности, како и културно-забавни содржини.

Менаџерскиот тим на Адора Инженеринг кој плати четири пати повисока цена за купување на државното градежно земјиште е задоволен од јавната лицитација, што на компанијата ќе ѝ овозможи реализација на 100 % македонска квалитетна градба, комплетно домашна инвестиција вредна повеќе милиони евра, со што Македонија во срцето на државата ќе добие нов комплекс „Адора Интернационал“. Адора Инженеринг верува дека ќе продолжи досегашната максимално принципиелна соработка со општина Илинден и државните институции за реализација на овој проект, како значајна и вредна домашна инвестиција.

Испрати коментар

Scroll To Top