Насловна / Вести / Архитектонски конкурс – Сончева езерска населба на езеро Мантово

Архитектонски конкурс – Сончева езерска населба на езеро Мантово

izvod-mantovo.jpgПредмет на конкурсот е изработка на идејно архитектонско решение за
изградба на времено сместување-автокамп, одредено со Урбанистички план
вон населено место, локација Сончева езерска населба на езеро Мантово,
општина Конче, Македонија. Конкурсот е отворен, меѓународен, јавен и ќе се одвива во една етапа.

 

Со победникот на конкурсот ќе биде склучен договор за изработка на технички проект и реализација на конкурсното решение.

ПАРАМЕТРИ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА 1.108
•    Површина на градежна парцела 12393м2
•    Површина за градење                            2648.8м2
•    Максимална висина до венец                     нема


ПРЕДВИДЕНА ПРОГРАМА
•    Класа на намена А4 ( времено сместување со компатибилни класи на намени Б1, Д1 и Д2)
•    15% комерцијални објекти
•    15% санитарни јазли
•    Останатиот дел од парцелата – 40 камп единици со сите потребни елементи, пристапи, комуникација и инфраструктура за секоја единица поединечно
*сите елементи ќе бидат дополнително дефинирани со архитектонско-урбанистички проект

ФОРМАТ ЗА ПРЕДАВАЊЕ
PDF формат
Урбанистичко и архитектонско решение на целата локација    М=1:500
Основи, пресеци и изгледи на секој од предвидените објекти  М=1:200
3Д прикази

РОКОВИ

Објавување на конкурсот                                                                                  12.02.2013
Електронско пријавување на nikolovaksenija@gmail.comдо 26.02.2013 16.00часот
Прашања и дополнителни материјали
на nikolovaksenija@gmail.comдо 26.02.2013 16.00часот
Организирана посета на локацијата                                              27.02.2013/28.02.2013
Предавање на решенијата електронска верзија
на nikolovaksenija@gmail.comдо 31.03.2013 16.00часот
Објавување на победникот                                                прва половина на април.2013

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТНиколова Ксенија
телефон +389 70 277 628
e-mail: nikolovaksenija@gmail.com

 

izvod-mantovo.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top