Наичниците од Томскиот државен универзитет (ТГУ), Русија во соработка со своите колеги од Кина, развија иновативен и целосно еколошки метод за заштита на растенијата од стрес и болести. Наместо штетни хемиски пестициди, хемијата ја заменуваат со молекули шеќер.
„Растенијата се сè повеќе изложени на абиотски стресови, вклучувајќи суша, недостаток на влага, салинизација и загадување со тешки метали, како и биотски видови стрес, како што се изложеност на габи, бактерии, вируси, инсекти итн. Овие фактори, особено кога се јавуваат во комбинација, доведуваат до значително намалување на приносите на земјоделските култури. Заедно со нашите колеги од Кина, развиваме нови пристапи што ќе ги заштитат растенијата од различни видови стрес користејќи еколошки алатки. Особено, за да го активираме имунитетот на растенијата, спроведуваме претходна обработка со левани“, вели Лилија Коломеичик, еден од авторите на статијата, виш истражувач на ТГУ.

Биолозите предложиле употреба на олигосахариди од леван (LOS), кратки растворливи молекули кои делуваат како „алармен сигнал“ за растенијата. Тие предизвикуваат имунолошки реакции (ослободување на активни облици кислород, зајакнување на клеточните ѕидови), правејќи ја културата поотпорна на патогени без употреба на токсични фунгициди.
Изворниот полисахарид (леван) е предолг и слабо растворлив. Кинеските партнери развиле метод за синтетеза на кратки молекули (од 2 до 10 мономери) кои задржуваат имуномодулаторни својства и се лесни за примена.

Резултати на експериментот
Препаратот е тестиран на пет сорти диња и пет сорти лубеница.
Значаен ефект е постигнат против предизвикувачкиот на фитофторе (Phytophthora capsica).
Третманот не само што ги заштитил растенијата, туку го подобрил и квалитетот на плодовите: се зголемила содржината на хлорофил и растворливи суви материи.
Перспективи
Методот може да се интегрира во агротехнологијата без поголеми промени (прскање, натопување на семето). Во услови на глобално затоплување и зголемување на цените на хемиските пестициди, ова е чекор кон одржливо и безбедно земјоделство.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија