Архитектонското биро Herzog & de Meuron го претстави мастер планот за трансформација на вештачкиот остров Al Maha во Лусаил, кој би требало да стане нов културен, станбен и туристички центар на Катар.
Планот опфаќа 230.000 квадратни метри, а беше откриен за време на Art Basel 2026 во Базел. Проектот го презентираа Jacques Herzog, шеика Al-Mayassa bint Hamad bin Khalifa Al Thani извршниот директор на Art Basel, Noah Horowitz.

На островот ќе се развиваат содржини што ја поврзуваат современата архитектура, уметноста, дизајнот, гастрономијата и животот во заедницата. Во центарот на концептот е Lusail Museum, додека се планирани постојани простори за идните изданија на Art Basel Qatar, современ сук, градини, ресторани, бутик – хотел и разни типови домување – од куќи покрај брегот и вили на возвишувања до градски куќи и станови.
Lusail Museum, Првпат прикажан во 2024 година, замислен е како културно упориште на островот и пошироката област на Lusail City. Првично беше планиран за друга локација, но поради взначењето на колекцијата и архитектонскиот концепт, преместен е на Al Maha Island.

Развојот на островот потоа е обликуван како единствен систем во кој се испреплетуваат културата, домувањето, угостителството и јавните простори. Локацијата е исто така една од ретките во Катар каде што странските државјани можат да купуваат куќи и земјиште.
Се очекува работата да започне во 2028 година. Herzog & de Meuron го базирале мастер планот на локалните архитектонски обрасци, пејзажот и историјата на областа. Островот се наоѓа во близина на местото каде што кон крајот на 19 век шеикот Jassim bin Mohammed Al Thani, основачот на современ Катар, го изградил својот дом
Планот вклучува куќи со двор, градски куќи поврзани со тесни и засенчени улици, оградени градини и масивни објекти со земјен изглед, обликувани да изгледаат како да изникнуваат од теренот.

Архитектите имаат намера да користат локални материјали, првенствено песок и камен, така што зградите ќе формираат целина со островот. Наместо униформно зеленило налик на туристичките комплекси, планирани се низа внимателно дизајнирани градини што ќе служат како орјентири и места за одмор.
Проектот ќе се потпира на автохтони растителни видови и соработка со локални расадници и иницијативи поддржани од Qatar Foundation.
Во концептот на пејзажот ќе биде вклучен и арапскиот орикс, животното по кое островот го добил името, бидејќи Al Maha на арапски значи овој вид. Ориксот е важен национален симбол и дел од програмата за зачувување на природата во Катар.

Врската со Доха и Лусаил ќе биде обезбедена преку воден сообраќај, како и посебни мостови за возила и пешаци. Благодарение на малку пиздигнатиот терен, инфраструктурата ќе биде сместена под земја, така што површината на островот треба да остане без автомобили и порилагодена за пешаци. Ова ќе ги зачува погледите на морето и околните гребени.
Станбениот дел ќе вклучува повеќе од 150 единици, вклучувајќи куќи на брегот, вили на возвишувања, градски куќи и станови, а планиран е и бутик хотел. Еднаш годишно островот ќе биде домаќин на Art Basel Qatar, но настанот нема да биде ограничен само на класична саемска сала.

Замислено е целиот остров да стане дел од настанот, од мостот Ал Маха, кој ќе го претставува влезот, до рестораните и јавните простори.
Просторот наменет за саемот ќе биде во функција во остатокот од годината. Предност се дава на прилагодливи објекти кои не бараат високи трошоци за одржување и енергија. Кога Art Basel не се одржува, тие ќе можат да се користат за филмски проекции, свенчавки, конференции и помали собири.

Lusail Museum обликуван како полна месечина и полумесечина
Музејот Лусаил ќе биде изграден на јужниот дел од островот, кружен објект обликуван со пресекување на три сфери. Оваа геометрија создава два волумена, од кои едниот наликува на полна месечина, а другиот на заштитена полумесечина.
Фасадата ќе биде изведена од локален песок и камен, додека длабоко пвовлечени прозорци ќе го заштитат ентериерот од силното заливско сонце и ќе го врамат погледот кон морето и градот Lusail City.

Внатрешноста ќе биде поврзана со природно осветлена улица во форма на полумесечина, која води од влезот до централната сала и јавните објекти. Во план се скали од полиран малтер, библиотека обложена со дрво и простор за молитва со рефлектирачки метални површини.
Специјалитет на изложбата ќе бидат галериите што отстапуваат од вообичаениот концепт на „бела коцка“. Ќе бидат вградени реплики на историски куполи од исламскиот свет во вистински пропорции, но без традиционална орнаментика. Овие апстрактни простори ќе се користат за современи инсталации и проекции.

Музејот ќе чува збирка на ориентална уметност на Qatar Museums, а и дела од автори како што се Eugène Delacroix, Gustav Bauernfeind и Jean-Léon Gérôme, како и обемна фотографска архива. Исто така во него ќе работи Lusail Institute, замислен како „музеј на идеи“ и платформа за истражувања, јавни дискусии и мултимедијална продукција.
Al Maha Island претставува продолжение на долгорочното вложување на Катар во културата, по успехот на Museum of Islamic Art, кој го проектираше I.M. Pei, и National Museum of Qatar, дело на Jean Nouvel.

Ова е исто така прв проект од ваков обем во земјата што се спроведува преку јавно-приватно партнерство. Иако локацијата можеше да се развие како претежно комерцијален комплекс, инвеститорите поддржаа концепт во кој културата има централна улога.
Занаетчии од Блискиот Исток и Јужна Азија, вклучувајќи мајстори од Авганистан, Палестина, Индија и Сирија, ќе учествуваат во реализацијата на ентериерот. Примената на традиционалните техники во современите простори треба да отвори нов пазар за регионалните занаети и да ја зголеми нивната меѓународна видливост.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија