Насловна / Вести / Во Истанбул е отворена една од најдолгите метро линии на светот

Во Истанбул е отворена една од најдолгите метро линии на светот

Во саботата во Истанбул е комплетно отворена најдолгата и најбрзата метро линија во Турција. Ова е истовремено една од најдолгите метро линии на светот. Ги поврзува центарот на Истанбул и неговиот главен аеродром.  Станува збор за делница од  метро линијата Гајретепе – аеродром Истанбул – Халкали, која е долга 69 километри и има 16 станици. Претходните делници од оваа метро линија, долги 47 километри, сукцесивно се пуштани во сообраќај во последните години.

На оваа линија ќе сообраќаат 25 возови, од кои 15 без возач, со брзини до 120 km/h. Изградбата на оваа метро линија чинела 1,5 милијарди евра. Турската влада проценила дека овој проект до 2043 година ќе генерира добивка од  935 милиони евра, првенствено преку пониски трошоци за одржување на патиштата и пониски оперативни трошоци. Покрај тоа, се претпоставува дека намалувањето на сообраќајните гужви ќе им заштеди на патниците 117 милиони часови до 2047 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top