Од 01.07.2026 година, граѓаните на Словенија добиваат прилика самостојно да ги делат вишоците на електрична енергија произведени во сопствените соларни електрани, со соседите, пријателите или деловни партнери ширум земјата. Таа можност која е нов чекор во демократизација на енергетиката во земјата, ја имаат активните купувачи – домаќинствата и малите и средни претпријатија, кои произведуваат енергија во соларни електрани.

Делењето на енергијата е овозможено со усвојување на пакетот директиви на ЕУ, преку Законот за снабдување со електрична енергија и Законот за поттикнување на користењето на обновливи извори на енергија. Претходно, делењето на енергијата било ограничено исклучиво на колективните модели (станбени единици, енергетски заедници) каде станарите во истата зграда или граѓаните во енергетската заедница морале заеднички да инвестираат во електраната и однапред да го утврдат процентот на делење на енергијата. Сите други прозјумери кои не биле дел од истата заедница, немале право да ја пренасочат својата енергија, туку своите вишоци единствено можеле да ги предадат на мрежа, односно на својот снабдувач. Во стариот систем на нето мерење за прозјумери, тие вишоци на крајот на годината бесплатно му се препуштаат на снабдувачот, додека во новиот систем на нето пресметување, кој го заменува нето мерењето, снабдувачите ги откупуваат тие вишоци по многу ниски цени.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија