Насловна / Вести / WMO: До 2030 година, глобалните температури можат да бидат и до 1,9˚C над нивото од периодот 1850 – 1900 година

WMO: До 2030 година, глобалните температури можат да бидат и до 1,9˚C над нивото од периодот 1850 – 1900 година

И оваа година, летото стигна порано на Балканот – температурите во регионот достигнуваат и до 34˚C, со што е надминат просекот за овој период од годината.

Од Светската метеоролошка органзација (WMO) предупредуваат дека глобалните просечни температури и во наредните пет години ќе продолжат да бидат на или блиску до рекордните нивоа. Кога станува збор за Арктикот, се проценува дека температурните отстапувања ќе бидат и повисоки од глобалниот просек.

Во споредба со просекот од периодот 1850 – 1900 година, се предвидува дека до 2030 година просечните годишни температури ќе бидат во опсег од 1,3 до 1,9˚C над тој просек. Со повеќе од 85% шанси, се очекува една година во периодот до 2030 година да биде потопла од 2024 , која е прогласена за најтопла било кога регистрирана година. Исто така, прогнозите покажуваат дека средните температури во тропскиот Пацифик во наредните пет години ќе укажуваат на тенденција кон услови на Ел Нињо, посебно во 2027 и 2028 година, се вели во ажурираниот извештај на WMO. Според зборовите на главниот автор на извештајот, се предвидува Ел Нињо кон крајот на 2026 година, што ги зголемува шансите токму 2027 да биде рекордно топла година.

Испрати коментар

Scroll To Top