Огромен број производи за секојдневна употреба – од тави со нелепливи премази со пакувања за храна и водоотпорна облека – содржат супстанци познати како „вечни хемикалии“. Пер – и полифлуороалкилните супстанци (PFAS) завршуваат речиси насекаде – во реките, океаните, живиот свет, храната, па дури и во крвотокот на човекот. Затоа нивната концентрација во храната денес е главно регулирана. Но, една студија во Велика Британија покажала дека прописите веројатно не се адекватни, бидејќи лимитите се однесуваат на присуството на одредени хемикалии, додека луѓето и другите организми всушност се изложени на мешавина на тие супстанции, па тоа претставува прикриен ризик.

PFAS се синтетички хемикалии во широка употреба уште од средината на минатиот век, благодарение на својата отпорност на топлина, маснотии и вода. Но, таа иста отпорност значи дека тие речиси воопшто не се разградуваат во животната средина. Во новата студија спроведена во крајбрежниот појас во јужна Англија, PFAS се пронајдени во површинските води, седиментите, прочистените отпадни води и морските организми како алги, безрбетници, риби и морски цицачи. Анализата на примероците покажала дека кај мнозинството видови PFAS хемикалиите биле во дозволените граници. Но, кога бил применет пристапот базиран на комбинацијата од различни хемикалии, сликата значително се променила.

Истражувачите ја дефинирале единствената мерка – еквивалент PFOA, која ја комбинира токсичноста на повеќе вечни хемикалии, па значително голем дел од примероците ја надминале границата поставена од страна на Европската агенција за безбедност на храната (EFSA). „Со други зборови, организмот може да делува ускладено со прописите кои се однесуваат на поединечните хемикалии, а истовремено да носат потенцијално загрижувачко оптоварување со нивната мешавина“, велат истражувачите од University of Portsmouth.
Авторите наведуваат дека загриженоста поради вечните хемикалии расте ширум светот, вклучувајќи ја Европа, но порачуваат дека доколку нивната регулација се базира на анализа на поедничените супстанции, реалното ниво на ризик може да биде потценето.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија