Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанска комора на Северна Македонија во рамки на планот за работа на Здружението за 2025-2030, склучи Меморандум за соработка со Градежен факултет Скопје за изведување практична настава за студентите. Меморандумот за соработка го потпишаа првите луѓе на двете институции Деканот, проф. д-р Јосиф Јосифовски и г-дин Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали.

Градењето на квалитетни и стручни кадри започнува уште во образовниот процес. Нивната директна вклученост во работните процеси им овозможува на студентите практично да ги применат теоретските знаења и да стекнат реално искуство, што претставува двигател за создавање професионален и конкурентен кадар.
Овој тип на соработка претставува значаен чекор кон раст и развој, како и кон приближување на образовниот процес со практиката. Преку вакви партнерства ќе се овозможи усогласување на продукцијата на кадри со реалните потреби на пазарот на трудот, со што младите стручњаци ќе можат да дадат свој значаен придонес.
Со зајакнување на нивните компетенции и способности, студентите ќе ја унапредат својата позиција на пазарот на труд, додека компаниите ќе добијат мотивирана, продуктивна и одржлива работна сила – клучен двигател на економскиот раст и развој.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија