Насловна / Вести / ИЗИИС со проект за „отпорни и паметни училишта за нашите деца“

ИЗИИС со проект за „отпорни и паметни училишта за нашите деца“

ИЗИИС е добитник на проект на Конкурсот за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на државните универзитети-факултети/научни институти/МАНУ за 2025 година.

ИЗИИС заедно со Градежниот факултет, ФИНКИ и IUSS, Pavia, Italy ќе работи на проектот „ Отпорни и паметни училишта – регионална приорeтизација врз основа на сеизмички, енергетски и социо-економски индикатори “ во кој ќе се дефинира интегрирана рамка за оцена на состојбата на училиштата која ќе се базира на горните три индикатори.
Имплементацијата на методологијата е планирана на репрезентативен сет од училишни објекти (> 150) во неколку карактеристични делови од земјата, со што ќе обезбеди регионална димензија и инклузивност. Во истата рамка ќе се изврши рангирање на објектите и нивна приоритизација за зајакнување на конструктивните системи кое се базира на современ методолошки пристап кој во себе ги обединува и сеизмичките барања и барањата за енергетска ефикасност.
Во контекст на обезбедување на функционалноста, одржливоста и пред се на сигурноста и безбедноста на училишните објекти, а во правец на градење на отпорни и паметни училишта, ќе се проектира и имплементира систем за следење на сеизмички и климатски параметри на избрано училиште. Како хоризонтална активност, во рамки ќе биде изработена дигитална алатка со предефинирани атрибути поврзани со индикаторите на однесување на селектираниот сет на објекти, чиј краен корисник ќе биде МОН и истата ќе служи како основа за креирање на стратегии и политики во правец на градење на отпорни и паметни училишта.

Испрати коментар

Scroll To Top