Насловна / Архитектура / Викендица на падините на планината Космај

Викендица на падините на планината Космај

Оваа семејна куќа за одмор се наоѓа на јужните падини на планината Космај во Србија на надморска висина од околу 360 метри, опкружена со богата вегетација.

1

На локацијата имало стара куќа која на архитектот Дејан Тодоровиќ му послужила како инспирација за новиот објект.

Постоечкиот објект е срушен, но поради неговите предимензионирани темели задржана е геометријата која ја генерирала геометријата на новиот објект со умножување на триаголна призма со отстапувања од хоризонталните осовини, поради подобро прилагодување на параметрите на локацијата.

3

Објектот со површина од 150 квадратни метри се состои од приземје, каде се сместени дневниот боравок, трпезарија и кујна и кат со две спални соби и бања. Со ентериерот доминираат дрвени површини на кои им се спротиставуваат црни и антрацит сиви елементи како косник, скали, расвета и ефектен висечки камин. Архитектот Филип Рашковиќ бил задолжен за опремување на ентериерот, односно за мебелот.

4

Скелетот е од челични профили од двете страни обложени со чамово дрво и исполна од термоизолација. Целата инсталација е направена по системот паметна куќа со можност даленчински да се управува со сите системи. На тој начин може да се контролираат условите во викендицата и пред да се стигне во нејзе.

6 7 8 2 5

9

Испрати коментар

Scroll To Top