Насловна / Вести / Жителите на населбите „Трнодол“ и „Жданец“ во целост не се согласуваат со ДУП-от

Жителите на населбите „Трнодол“ и „Жданец“ во целост не се согласуваат со ДУП-от

Жителите на населбите „Трнодол“ и „Жданец“ јавно го изразија своето незадоволство во однос на околностите за отпочнување на постапка за донесување на нов ДУП за населба „Трнодол“, дел од „Козле“ и „Шпанско село“ и имаат забелешки на Предлог ДУП-от, Четврт Ј03, блок 7.

IMG-1
Работната група формирана од жителите на „Трнодол“ и „Жданец“ во чиј состав се и еминентните архитекти, Миодраг Митровиќ и Миодраг Бато Радоњиќ, денес во 13 часот ќе предадат претставка до Градоначалникот и советниците на Општина Карпош со која го изнесуваат ставот на жителите кои се противат на начинот на презентација на Предлог Детален Урбанистички План за Градска Четврт Ј03, блок 7, Општина Карпош, Скопје и план со кој во целост не се согласуваат.

112
Тие во својата реакција, уште еднаш го потенцираат следното:

1. Согласно Геомеханички елаборат – Истражни работи за оценка на стабилноста на природниот терен наслеба „Трнодол“, Општина Карпош – Скопје од ноември 2010 година, бр.52/10 од 04.11.2010 година на Геоинг МК ДОО Скопје нарачан од Општина Карпош, меѓу другото е утврдено дека земјиштето во населба „Трнодол“ е потенцијално нестабилно и при долготрајни врнежи или доток на вода во прашиновито песковитиот материјал и негово интензивно квасење би дошло до значително намалување на јакостнодеформабилните параметри на истиот при што би се јавиле и значителни деформации и можно свлекување на поголеми земјани маси.
Во контекст на новиот предлог ДУП, бараме да образложите дали го имате земено предвид ова истражување, како и дали имате направено друго соодветно геолошко истражување на земјиштето и какви мерки на заштита предвидувате.

Фото12

2. Со предлог ДУП – от се врши промена на влезот и излезот во наслебата Трнодол, односно постојната улица се затвора! Имено, постојната ул.„Трнодол“ се прекинува пред самиот влез/излез за приклучување на ул.„Козле“ со тоа што се формира нова парцела кај постојната КП.бр.5323 (поранешен сервис „Тотоле“), а влезот/излезот се пренасочува околу новата парцела за да биде преку улицата за влез/излез во населбата Жданец, па оттаму со вртење во десно да се овозможи приклучување на ул.„Козле“. Со ова максимално се усложнува пристапот и во двете населби, безбедноста на сообраќајот е сведена на нулто ниво, не само од аспект на автомобили, туку и посериозно, од аспект на интервентни и сервисни возила и при временски непогоди и природни катастрофи.

Во однос на наведеното во прилог се и Зебелешки по предлог ДУП – от за населба Трнодол изготвена од архитекти Миодраг Митровиќ и Миодраг Бато Радоњиќ.

3. Дополнително со новопроектирана сервисна улица, која е дел од постојната ул.„Трнодол“, преку дел од постојната ул.„Лесновска“ до вкрстувањето со ул.„Презвитер Константин“, делот од ул.„Презвитер Константин“ па се до приклучувањетo на „Јужна обиколница Водно“, се формира нова сервисна улица која ќе поминува низ населбата Трнодол. Воедно, се предвидува и поврзување на „Шпанско село“ преку „Јужна обиколница Водно“ со оваа сервисна улица. Ваквото решение во моментот не е економски ниту функционално оправдано, особено имајќи предвид дека се работи за обиколница која е предвидена пред 90-тите години.
Со ваквото решение населбата „Трнодол“ се пресекува со сообраќајница и се отвора за проток на возила од „Шпанско село“ и населба Козле, што е апсурдно од аспект на постојната функционална поставеност на населбата.

4. Со предлог ДУП – от како ново предложено решение населбата „Трнодол“ од урбанистички аспект се дели, односно дел од населбата „Трнодол“ се поврзува со „Шпанско село“ и дел од населба Козле, а останатиот дел од населба „Трнодол“ (46 градежни парцели) не е воопшто опфатен со овој предлог план и не се знае што ќе биде предвидено на овие парцели и како и со што ќе биде поврзан овој дел од населбата „Трнодол“. Односно градската четврт ЈО3 моментално е составена од девет блока од кои блок 4 е „Жданец“, а блок 6 е „Трнодол“. Со новиот предлог 2/3 од „Трнодол“ плус „Шпанско село“ и дел од „Козле“ ги вметнувате во блок 7, односно блок 6, 8 и 9 ги обединувате во блок 7 и 1/3 од населбата „Трнодол“ останува недефинирана.
Прашање е зошто се предлага вакво решение, односно дали истото е заради новопредвидените објекти за колективно домување веднаш под ридот од населба „Трнодол“, позади бензинската Макпетрол, кои пак дополнително може да ја загрозат стабилноста и сигурноста на земјиштето од населбата во контекст на потеннцијални свлечишта, како што е наведено во точка 1 погоре.

5. Со предлог ДУП – от во цела населба се предвидува зголемување на катноста на градежните парцели П + 2 + Пк, односно висина на градежен венец 10,2 метри, намена А1, што значи четири станбени единици на една градежна парцела со што ќе се зголеми густината на населението, сообраќајот, оптеретување на постојната инфарструктура и сл. кои и во постојната состојба претстаавуваат оптеретување, како и намалување на протокот на свеж воздух од Водно низ населбата и во долниот дел од скопската котлина.

Фото2
Напоменуваат дека при носење на нов ДУП, основна цел е подобрување на квалитетот на животот на жителите на постојните населби што не е случај со предлженото решение во Предлогот Детален Урбанистички План за Градска Четврт Ј03, блок 7, Општина Карпош, Скопје.
Врз основа на претходно наведеното, жителите на населба „Трнодол“ и „Жданец“, повторуваат дека не се согласуваат со Предлогот Детален Урбанистички План за Градска Четврт Ј03, блок 7, Општина Карпош, Скопје и бараат при изготвување на ново предлог решение да биде земено предвид се од горенаведеното и во пополнетите анкетни листови, да биде запазена законската процедура за изготвување на вакви планови со детални текстуални образложенија, како и да биде исполнета основната цел за носење на детални урбанистички планови во насока на подобрување на животот со активно вклучување на претставници од засегнатите жители.

Фото3
Веруваат дека ќе се најде прифатливо решение и ќе се надмине моменталното недоразбирање, во спротивно спремни се да ги бранат своите граѓански интереси пред повисоки инстанци.
Во прилог на преставката се и поднесените 274 Анкетни листови и Зебелешки по предлог ДУП – от за населба Трнодол.

Фото 1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top