Насловна / Вести / Започна јубилејниот 20-ти симпозиум на ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Започна јубилејниот 20-ти симпозиум на ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА

Со речиси околу 600 присутни посетители, денес започна 20-от јубилеен симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија. Симпозиумот се одржува во Скопје на 60 годишнината од земјотресот под мотото “ОТПОРНИ КОНСТРУКЦИИ – RESILENT STRUCTURES” и претставува веројатно досега најпосетениот симпозиум на ДГКМ.
viber_image_2023-09-28_10-55-25-150 (1)
Говор за добредојде имаше Претседателот на ДГКМ Вон.Проф. д-р Дарко Наков кој кажа за историјата и постоењето на ДГКМ од 1976 година и тежината и значењето на овој Симпозиум. Притоа со посебен акцент им се заблагодари на стручните соработници кои допатуваа од неколку страни на светот, организацискиот одбор, спонзорите и поддржувачите, како и на Проф.Митко Хаџи-Пуља кој долги години наназад стои позади уникатните графички решенија на симболите на Симпозиумот.
1 (7)
Пред присутните се обрати и Деканот на Градежен факултет, Скопје проф.Горан Марковски со што всушност го одбележа 74 роденден на факултетот. Во своето обраќање потсети на значењето на најстариот факултет во Македонија, на тежината на градежната професија и на акутниот проблем со недостаток на нови квалитетни студенти, што директно ќе ја афектира државата во иднина.
Понатаму следеа обраќања на Ректорот на УКИМ, Билјана Ангелова како и на останатите говорници според програмата на симпозиумот.
viber_image_2023-09-28_10-55-24-876 (1)

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top