Насловна / Вести / Законот за легализација ни докажува дека не постои планирање, постои само крадење на просторот

Законот за легализација ни докажува дека не постои планирање, постои само крадење на просторот

Ставот на ЗЕЛС по однос на новиот нацрт-закон кој го предлага Владата за постапување со бесправно изградените објекти до 2018 година е да се легализираат дивоградбите, но не за едно евро по квадратен метар. Оние кои граделе бесправно да плаќаат комуналии според цените на општината и плус пенали, затоа што не го почитувале законот.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов по завршување на седницата на Управниот одбор изјави: „Посебна работна група од пет градоначалници заедно со Министерството за транспорт и врски ќе работи на изнаоѓање на законско решение како бесправно изградените објекти да бидат внесени во правниот систем. Нашиот став е дека покрај комуналиите кои законски си ги плаќаат граѓаните, оние кои граделе диво да платат плус и пенали и тоа најмалку 50 отсто од цената на комуналии. За нас е важно да нема легализација за едно евро, ниту да ставаме временска рамка до која година ќе може да се легализираат дивоградби. Така стимулираме на определен начин незаконско градење“.Според градоначалниците нацрт-текстот не ги задоволува потребите на општините, ниту биле предвидени сите ситуации, па затоа ќе се работи на негови измени и доработка.

ддд
Како што кажа претседателот на ЗЕЛС можност за легализација ќе имаат оние градби кои можат да бидат вклопени во Деталниот урбанистички план, односно не се наоѓаат во забранети и заштитени зони за градба. Ако не влегува градбата во ДУП-от, ќе се урива.
Не е тајна дека дивата изградба се повеќе цвета со донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, а со неговото продолжување уште повеќе. Исто така не татајна и дека законот се злоупотребува и дека масовно се легализираат објекти изградени и по 30 март 2011, рок кој е последен датум во до кој треба да биде изградена дивоградбата.
Повеќе од јасно е дека државата нема увид на диво изградениот простор, кој рака на срце се градел со децении што е резултат на лошо планирање или непланаирање и непочитување на закон на што свесно се замижувало на едно око, а најчесто и на двете. Нелегалните објекти немаат можност за спроведување на правен промет со недвижности – не е можно да се спроведе купопродажба ниту наследување на недвижноста, односно новиот сопственик (купец или наследник) не можат својата сопственост да ја прокнижат како имот. Легализацијата изгледа им е многу потребна и на банките. На нелегални објекти банката не може да запише хипотека на недвижноста. Така да интереси и побуди има и многу и различни, проследено со многу популизам. А во меѓувреме државата за жал го губи украдениот простор за сите времиња и ја пропушта можноста за објективно и развојно планирање на истиот.

тет
И не се работи дали некој ќе легализира квадрат за едно евро, за сто педесет или илјада. Се работи за тоа дека нелегалноста е прекршок и дека во земја која се декларира дека го почитува правото, прекршок се казнува. Легализација на бесправно изградени објекти значи давање вредност, озаконување на украденото, што е недозволиво. Се работи за спроведување на право, а не за пари. Покрај целата апсурдност на овој закон, недозволиво е, а и небзебедно, ниту за граѓаните, ниту за крадците да се легализираат објектите само со геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, без техничка документација, архитектонска снимка на изведената состојба изработена од овластен архитект и анализа на механичката отпорност и сеизмичката стабилност изработена од овластен градежен инженер.
Дивоградбата не подразбира само нелегално изградени приградски населби, таа е насекаде околу нас. Во Законот за постапување со бесправно изградени објекти се подразбираат објекти од значење за Републиката, објекти од локално значење, здравствени установи, внимавајте сега и доградби и надградби на истите. Понатаму, се подразбираат и помошни градби (гаража, остава) кои се во функција на објект за домување или друг вид на објект, базени на ниво на терен за индивидуална употреба, како и објекти, односно посебни делови од објекти пренаменети без одобрение за пренамена. Поедноставно кажано, се она што кој како сакал си го направил, тераси напарвени кујни или соби, кровови на зградите влезени како делови од становите (децата да имало кај да спијат), доградени поткровја на кој како му дошло (за да не течел кровот), всушност ќе се озаконува сиот простор што се украде за село да се роди над градот.

Урбанистички-хаос-3-
Како што кажа претседателот на ЗЕЛС можност за легализација ќе имаат оние градби кои можат да бидат вклопени во Деталниот урбанистички план, односно не се наоѓаат во забранети и заштитени зони за градба. Ако не влегува градбата во ДУП-от, ќе се урива.
Законот за бесправно изградени објекти во член 12 вели: бесправниот објект може да се вклопи во урбанистичко-планската документација во согласност со стандардите од членот 19 на овој закон. А член 19 гласи : Министерот кој раководи со органот надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот ги пропишува стандардите за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко-планската документација.

Што значи дека министерот ќе ги пропишува и стандардите за терасите претворени во кујни и доградените поткровја за потоа да се вметнат веројатно со измените и дополните на ДУП-овите. А на кој начин и како се изработуваат плановите со голо око гледаме и ги чувствуваме последиците. Овој закн само докажува дека не постои планирање, постои само узурпирање (крадење) на просторот.

Во интервјуто дадено за Порта 3 архитект Миодраг Радоњиќ Бато, по повод доделата на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2018 одговори и на нашето прашањето за Закон за постапување со бесправно изградени објекти.

бато

Згора на сè државата донесе Закон за постапување со бесправно изградени објекти. Рокот за легализација на дивоградби повеќе пати се продолжува, поднесени се преку 440.000 барања. По се изгледа дека пола држава ни е нелегална. Значи ли ова лошо планирање и предолго замижување?

Да, сметам дека од несоодветна организација произлегуваат нестручни или недоволно обмислени закони, меѓу кои најеклатантен пример е Законот за постапување со бесправно изградени објекти популарно наречен – Закон за легализација на дивоградби. Апсурд од сите аспекти!!! Од стручен аспект, не постои легализација, постои само урбанизација со која се задржуваат сите објекти кои ги задоволуваат прописите, не го нарушуваат планираниот развој и се вклопуваат. Во тој случај сопствениците би требало да ги платат пропишаните комунални давачки. Сè останато се расчистува, со што се овозможуваат предуслови за реализација на планираните содржини. Се плаќаат пропишаните комуналии, а не едно евро за м2, при што од правен аспект, е направен тежок престап, т.е. поништено е правото на еднаквост меѓу граѓаните кое е гарантирано со Уставот. Имено, оштетени се сите граѓани кои, на легален начин со плаќање на сите пропишани давачки, изградиле куќа или купиле сопствен стан, а привилегирани се сите што нелегално изградиле, при што одземале (украле) и простор и средства од државата. Во однос на самото постоење на бесправно изградени објекти, бесправно, нелегално или криминално, тоа е феномен кој само кај нас е така изразен, и треба да биде предмет на сериозна и сеопфатна анализа. Во поразвиените урбани системи таа појава, па и самиот термин се сосема непознати. Апсурд! Како на пример: имам 1/10/1000/ автомобили нелегално внесени (или украдени) во земјата, па сакам да ги озаконам и легализирам, но за нив да платам само по едно евро давачки. Ха, ха, ха, смешно е, ама исто е што и легализацијата на објекти.
Проблемот е толку нараснат, па потребен е долгорочен план за негово решавање, направен на високо стручно ниво од сите аспекти. Вака замислен „ад хок закон“ не го решава проблемот, може само да им даде повод на нови прекршители со надеж дека и за нив во иднина ќе има легализација.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top