Комора на трговски друштва за геодетски работи на РМ беше еден од ко-организаторите на настанот “Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор”, заедно со Стопанска комора на Северна Македонија, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО – Food and Agriculture Organization of the United Nations.

Свои официјални обраќања на настанот имаа претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, Мортен Хартвигсен од ФАО (преку видео-обраќање) како и националниот координатор на програмата/проект менаџерот на канцеларијата на ФАО во Скопје -Кристина Митиќ Арсова.
На настанот беше прикажана и видео проекцијата “Поддршка од Европската Унија и ФАО за консолидација на земјоделско земјиште во Р.Македонија”, а беше извршена и презентација под наслов “Консолидација на земјиштето во пракса и идни можности (2025-2035)”.

Во последнит дел од настанот се одржа Панел дискусија, во која панелисти беа Претседателот на Комора на трговски друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, Директорот на Управата за водостопанство, Ромео Тренов, Деканот на Градежниот факутет – Скопје, Јосиф Јосифовски и Агро-консултантот, Никола Деребанов.

Ваквите настани се дел од заложбите на Комората за реализација на својата програмата за работа 2025-2029.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија