Насловна / Вести / Во Црно Море започна изградбата на „Турски тек“

Во Црно Море започна изградбата на „Турски тек“

„Газпром“ соопшти дека изградбата на „Турски тек“ е започната на рускиот брег на Црното Море, пренесоа светските агенции.

„Во Црно Море започна изградбата на гасоводот „Турски тек“. Тоа се врши од страна на компанијата „Олсис“, се вели во официјалното соопштение за печатот.турски тек

„Работата ќе продолжи во согласност со планот до крајот на 2019 година, кога турските и европски потрошувачи ќе добијат нов сигурен пат за увоз на руски гас“, пишуваат од компанијата, цитирајќи го претседателот на Управниот одбор Алексеј Милер.

Договорот за проектот за гасоводот беше потпишан во Истанбул на 10 октомври 2016 година. Гасоводот ќе поминува низ акваторијата на Црното Море од Русија (од компресорската станица „Рускаја“ во Краснодарскиот реон) до приемен терминал на брегот на Турција и ќе се состои од две линии со вкупен максимален технички проектен капацитет 31, 5 милијарди. кубни метри гас годишно.

Поморскиот дел на проектот опфаќа околу 920 километри, копнениот – ​​околу 200 километри. Пуштањето во употреба на моќноста на двете линии на гасоводот е предвидено до 30 декември 2019 година.

Испрати коментар

Scroll To Top