Насловна / Арт и дизајн / Уметниците огорчени од вештачката интелигенција која ги копира нивните авторски дела

Уметниците огорчени од вештачката интелигенција која ги копира нивните авторски дела

Уметниците се револтирани од вештачката интелигенција (AI), која во секунда ги копира стиловите на чиј развој тие жртвувале години. Оваа своја битка за авторските права тие ја водат на интернет но и на суд. Бесот во уметничката заедница кулминираше минатата година по објавувањето на програмите на генеративна вештачка интелигенција, кои можат уверливо да извршуваат наредби како цртање на куче на ист начин како на пример карикатуристката Sarah Andersen или да го копира стилот на било кој друг уметник. Таквите дела на вештачката интелигенција се изработуваат без согласност на авторите, ниту пак со било какво известување дека трудот ќе биде копиран, а не станува збор ниту за било каков надомест за авторот. Токму тоа е во срцето на правната борба на авторите, како и на дискусиите на уметниците по социјалните мрежи.

ai1

ai2

На почетокот на годината, група уметници поднеле колективна тужба против DreamUp, Midjourney и Stable Diffusion, три модели на вештачка интелигенција за генерирање на слики врз база на уметничките дела пронајдени на интернет. Andersen рекла дека се чувствувала „оштетено“ кога за прв пат го видела цртежот направен од страна на вештачката интелигенција каде е копиран стилот од нејзиниот стрип Fangs. Таа реагирала огорчено и на Twitter, по што нејзиниот коментар станал вирален. Заговорниците на тужбата се надеваат на воспоставување правен преседан кој ги уредува генеративните програми кои ги копираат стиловите на уметниците. Уметниците сакаат креаторите на вештачката интелигенција да побараат дозвола од нив, и за тоа да се предвиди пристоен надомест. На социјалните мрежи, уметниците споделуваат вести за изгубените проекти поради генеративната вештачка интелигенција. Во тужбата се истакнува дека дизајнерот на видеоигри Jason Allen, минатата година победил на натпреварот Colorado State Fair со „уметност“ создадена со помош на Midjourney. Музејот Mauritshuis во Холандија, предизвика контроверзи со изложувањето на слики генерирани со вештачка интелигенција инспирирани од „Девојката со бисерна обетка“ на Вермер.

ai3

Но, уметниците својата борба не ја водат само на суд и на социјалните мрежи, туку и со помош на науката. На иницијатива на уметнциите, тим од Универзитетот во Чикаго, минатата недела го лансираше софтверот Glaze со цел да ги заштити оригиналните дела. Софтверот додава слој на податоци преку сликите, кои иако не се видливи за човечкото око, делуваат како одбрана од вештачката интелигенција.

Испрати коментар

Scroll To Top