Насловна / Архитектура / Топ 10 куќи во светот изградени „од инает“

Топ 10 куќи во светот изградени „од инает“

Да се има недоразбирања со соседите  е помалку или повеќе вообичаено насекаде низ светот. Но, во настојувањата да излезат победници во тие спорови, некои отишле многу подалеку од „вообичаениот арсенал“ на кавги, тепачки и тужби, и направиле чудни градби исклучиво „за инает“ на соседите. Во продолжение погледајте ја листата од 10 најчудни градби инспирирани од комшискиот инает.

1. McCobb Spite House

mccobb-spite-house

По смртта на својот татко во 1806 година, Thomas McCobb, револтиран од фактот што семејната куќа ја наследил неговиот полубрат, изградил нова куќа веднаш до неа, со цел да го узурпира целиот слободен простор и да ја остави татковата куќа целосно во сенка и без природна светлина. Целата оваа приказна е документирана во Historic American Buildings Survey.

2. Dr. Tyler против градот Frederick, Maryland

frederick_-_tyler_spite_house_1

Во 1814, градот Frederick, во Мериленд, САД, имал намера да поврзе две улици преку земјиштето сопственост на Dr. Tyler, без сопственикот да биде согласен. Распрашувајќи се што  да направи за заштита на своите права, тој ја искористил можноста на локалниот закон според кој не смее да се пробива улица на место каде веќе се гради некаков објект. Преку ноќ, тој собрал работници и ги поставил темелите на нова зграда, спечувајќи ги на тој начин сите понатамошни обиди за изградба на улица на неговиот имот.

3. Skinny House, Бостон, САД

skini-haus

Двајца браќа во Бостон го добиле во наследство имотот на нивниот татко по неговата смрт. Едниот од браќата во отсуство на другиот кој бил на служба во американската армија и бил долго отсутен, изградил огромна куќа која се простирала релиси низ целата површина на заедничкиот имот. Револтиран од тоа што се случило, „војникот“ го искористил сосема малиот простор кој останал слободен и изградил мала  куќа од дрво  која целосно го блокирала видикот на братот и природната светлина.  Куќата сеуште постои и сеуште е населена.

4. Freeport Spite Home

friport-spajt-hom

Во текот на 19тиот век, во градот Freeport, урбанистите одлучиле да  ги уредат градските улици и квартови во формација мрежа. Еден човек кој бил против овој концепт изградил куќа на земјиште со површина на триаголник единствено во намера да ги спречи планерите во креирањето на „совршената“ форма.

5. Alameda Spite House

alameda-spajt-haus

Во Alameda, Калифорнија, САД,  еден човек по име Charles Froling правел планови за изградба на својата куќа од соништата. Но, идејата била спречена од страна на градските власти, кои одлучиле да узурпираат најголем дел од неговиот имот за изградба на улица. Земјиштето кое му останало на користење бил со смешно мали дизмензии и изградбата на таков простор била невозможна. Но, сепак Froling решава да ја искористи секоја педа, и ја изградил својата чудна куќа за инает на градските власти.

6. O’Reilly Spite House

oreili-spajt-haus

Во 1908, Francis O’Reilly одлучил да го продаде својот плац во West Cambridge, Massachusetts. Откако неговиот сосед одбил да го купи, O’Reilly  удлучил да му се одмазди. Тој изградил објект со основа 11×2,5метри, за инает на соседот. Од 2009 година овој објект е во сопственост на компанија за уредување ентериери.

7. „Inat kuća“ Сараево, БиХ

inaet-kukja-saraevo

Веројатно единствената „инает“ куќа која станала ресторан. За време на владеењето на Австро-Унгарија, во Сараево било одлучено да се изгради градска сала и библиотека во Стариот град. Земјиштето кое било избрано за таа цел веќе било зафатено, односно имало изградена куќа. И покрај тоа што на соспственикот му биле нудени разни спогодби, тој одбил да ја продаде куќата или пак да се исели. Дури откако властите му се заканиле, тој одллучил да се иссели преку реката Миљацка, но заедно со куќата, пренесена парче по парче. Денес таа куќа е оригинален ресторан и претставува вистинска атракција на Сараево.

8. Montlake Spite House

montlake_spite_house

Во 1925 во Montlake, Вашингтон, повторно спор во врска со продажба на соседен имот бил причина за инаетот. Поради навредувачки ниската понуда за откуп на земјиштето, одмаздата стигнува во вид на куќа со необично мали димензии, а широчината во најтесниот дел едвај достигнува 1,5 метар. Но, и покрај тоа, оваа куќа и денес постои и е населена.

9. House in Spite of WBC

Оваа куќа е изградена наспроти баптистичката црква WBC (Westboro Baptist Church), која е позната по своите анти-ЛГБТ ставови и протести.  Aaron Jackson, кој е еден од поддржувачите на ЛГБТ заедницата, го купил плацот наспроти WBC, изградил куќа и ја обоил во боите на виножитото – од инает. Сега оваа куќа е туристичка атракција.

kukja-za-poddrska-na-lgbt

10. Church Monument, Англија

Joseph Edleston починал во 1904 Gainford, Англија каде и служел на локалната црква 41 година. По неговата смрт семејството барало дозвола за изградба на споменик во црковниот двор, но тоа било одбиено. Црковните власти побарале од семејството да даде дел од својата земја на црквата за да биде одобрено нивното барање за споменик. Револтирани од оваа постапка, роднините изградиле огромен споменик чија височина ги надминала дрвјата во црковниот двор, но изградиле и куќа веднаш до споменикот. Куќата постои и денес и е населена.

crkva-spomenik crkva-spomenik1

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top