Насловна / Вести / Црна Гора развива виртуелна електрана

Црна Гора развива виртуелна електрана

Државната енергетска компанија „Електропривреда Црне Горе (ЕПЦГ)“ како нареден чекор во реализацијата на енергетската транзиција го развива концептот на виртуелна електрана, која би требало да овозможи поефикасна интеграција на обновливите извори на енергија и флексибилност на електроенергетскиот систем.

Виртуелната електрана не произведува енергија на една локација, туку обединето управува со соларните електрани, батериските системи за складирање на енергија, полначите за електрични возила, флексибилната потршувачка и други дистрибуирани енергетски ресурси. Физичкиот слој на идната платформа ќе го сочинуваат прозјумерите, батериите, е-полначите и други потрошувачи, додека за нивно ефикасно поврзување клучна е стабилната комуникација и постојаниот надзор на состојбата во мрежата. Црна Гора денес има над 10.000 прозјумери кои годишно произведуваат 135 GWh електрична енергија.

Развојната мапа на проектот предвидува пет фази. Првата фаза опфаќа пилот имплементација на батерии и е-полначи, со цел проверка на нивниот придонес во работата на мрежата во реални услови. Втората фаза предвидува оптимизација и напредно управување со ресурсите преку поврзување на системите, дефинирање на правилата за управување и премин од управување на поединечни уреди на управување со локалната мрежа. Третата фаза се однесува на ширење на проектот на поголем број трафостаници со стандардизација на опремата, комуникација и начин на управување. Во четвртата фаза планирано е формирање на виртуелна електрана со обединување на батериите, прозјумерите, е – полначите и други ресурси во централната платформа. Петтата фаза подразбира пазарна интеграција и монетизација на флексибилноста преку намалување на врвните оптоварувања, балансирање на системот, пружање помош во услуги и развој на нови деловни модели во согласност со регулативата.

Испрати коментар

Scroll To Top