Насловна / Вести / Сојуз на стопански комори заборава дека урбанизмот е и наука, а не само профит

Сојуз на стопански комори заборава дека урбанизмот е и наука, а не само профит

„Да престане укинувањето на донесените детални урбанистички планови (ДУП) зашто тоа ја доведува во прашање правната сигурност на инвеститорите, а големи финансиски штети, освен нив, трпат и останатите поврзани сектори, граѓаните кои одлучиле да купат стан, како и банките и државата“, апелираа вчера од Сојузот на стопански комори (ССК).

скс
Секако дека правната сигурност е важна, како за инвеститорите, банките така и за граѓаните. Извод од Детален урбанистички план (ДУП) е правен документ кој гарантира на сите страни инволвирани во процесот дека пропозициите пропишани со овој документ ќе се реализираат при изградбата. Но сведоци сме на лоши планови во кои зададените параметри со Изводот од ДУП, особено во делот за обезбедување потребен број паркинг места, невозможно е да се исполнат, што е показател на лошо планирање. Сведоци сме дека проектите за кои е добиено одобрение за градење често не соодествуваат со изведената состојба, сведоци сме како и градежни иснпектори и градоначалници замижуваа на овие појави. Ова воглавном е резултат на непланскиот урбанизам и незаситноста на инвеститорите и сопствениците на локациите.
Според Градежната комора при ССК на Македонија, со укинувањето на постојните ДУП-ови,„ практично се укинува високоградбата. Инвеститорите ќе престанат да градат и ќе пропаднат. Воедно се ипраќа сигнал до компаниите, и домашни и странски, никогаш да не инвестираат во Македонија“.
Со укинување и моратериум на некои ДУП-ови не се укинува високоградбата, бидејќи тоа се однесува само на неколку планови каде состојбата е алармантна. Во останатите делови на градот Скопје и на целата држава ДУП-овите не се укинати.

дуп
Се поставува прашањето како ќе трпат штети граѓаните кока во последниот извештај од Заводот за статистика се вели дека во Скопје има поголема понуда од побарувачка на станови. И тенденцијата е дека овој неповолен тренд се повеќе ќе се зголемува.
И Зоран Азманов од команијата „Настел“ реагираше на немањето правна сигурност. „Немаме никаква правна сигурност на капиталот. Сме вложиле милиони евра во локација и градење, кои пропаѓаат со само едно барање за заштита на животната средина поради кое се укинува ДУП-от, а ние не можеме да поднесеме жалба“, истакна Азманов.

nast
Ова го изјавува компанијата чии станбени објекти и урбанизмот за истите се едни од најконтарверзните и најоспоруваните. Сите знаеме дека недостасува проверка дали одобренијата за градба се испочитувани и дали градежната инспекцијата си ја завршила својата работа. И не се работи за „ само едно барање за заштита на животната средина“ туки се работи за заштита на градот и неговите жители, како би можело да се планира за градот да биде квалитетно и одржливо место за живеење каде сите и граѓаните и инвеститорите ќе имаат интерес и финасиски затоа што градот ќе биде поквалитетно место за живеење, а со тоа и цената на квадратот ќе расте.
Од Градежната комора при ССК велат дека „досега во Македонија никогаш не се случило да се укине ДУП. Во последниот период се укинати три детални урбанистички планови во Карпош кои опфаќаат голем дел од површините на кои се гради“. Но забораваат да кажат дека во поледните години ДУП-овите се правени врз основа на профит и интерес на инвеститорите, како никогаш до сега, а не според стандарди за урбанистичко планирање, земајќи го во предвид јавниот интерес и одржливиот развој.
Според проценките на ССК, со моментот на укинување на ДУП-овите или мораториумот, „државата претрпува штета поголема од една милијарда евра, а донесувањето нов ДУП е сложен проце што трае повеќе од две години“. Точно така, затоа што изработка на урбанизам е многу комплексна задача. Додека државата претпува материјална штета како што велат, повторно забораваат дека штетата од лошиот урбанизам кој е во интерес само и исклучиво на инвеститорите е непоравлива и таа нема цена. Забораваат дека урбанизмот е наука, а не само интерес на инвеститори. И дека е крајно време да се стави ред во грдењето, а на државата интереот е Скопје да стане современ град, по сите стандарди за урбанистичко планирање.

bis1
Поплаките од Сојузот на стопанските комори не се доволно аргументирани бидејќи Центар на пример е општина од 7,5 квадратни километри. Мораториумот важи за 4,5 квадратни километри, па процесот не може да се толкува како атак врз градежната фела, уште помалку како влијание врз БДП, туку како нов принцип за рамномерност (рамномерен развој) и заштита на јавниот интерес. Исто така забораваат дека и при проектирање на станови постојат правилници за стандарди и нормативи во кои никако не се вклопуваат становите кои се рекламираат под паролата „ексклузивност“, а се вон сите дозволени нормативи во однос на минималната потребна квадратура на просторите и функцијата.
Останува да видиме дали државата ќе истрае во борбата за квалитетен урбанизам и дали некој ќе понесе одговорност за досега стореното. Ќе се проверат ли веќе изградените објекти дали одговараат на урбанистички параметри, одобренијата за градење, процедурите при формирање на градежни парцели и Правилниците за стандарди и нормативи за проектирање?

bis2
Ако продолжи укинувањето на ДУП-овите нема да пропадне високоградбата како што велат, ќе се спречи пропаѓањето на урбанизмот како наука, планерите, архитектите, инженерите, жителите, градот. А профитот ќе остане, можеби ќе биде само за нијанса помал.

Испрати коментар

Scroll To Top