Насловна / Вести / Поддршка на електромобилноста во Скопје

Поддршка на електромобилноста во Скопје

elektromobilnost vo skopje

Во рамките на активностите на проектот ЕЛЕКТРА – Електричен градски транспорт, формирана е Група за поддршка на електромобилноста во Скопје.
Основна цел на оваа групата е промоција, поддршка и ефикасна имплементација на мерките за воведување на електромобилност во градот Скопје.
Во Групата за поддршка членуваат институции и поединци кои ќе се ангажираат за поставување на Град Скопје на мапата на здрави градови кои развиваат мерки за здрава животна околина, одржлив развој и нов и висок квалитет на живот на неговите граѓани. Конкретно, на иницијалната средба на групата присуствуваа претставници од Министерството за економија, Бирото за метрологија и Министерството за транспорт и врски, претставници од Машинскиот и Електротехничкиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и членови на други институции.
На првата средба на оваа група беше дискутирано за чекорите кои досега се преземени на полето на електромобилност во Скопје и Република Македонија и на истата биле дадени голем број предлози за идните чекори.
Инаку, проектот ЕЛЕКТРА – Електричен градски транспорт е одобрен од Европската унија и е финансиран во рамките на Европската програма за Интелигентна енергија (ЦИП-ИЕЕ 2012), за чија реализација во периодот од 2013 до 2015 година се одвоени 1,3 милиони евра. Главна цел на проектот ЕЛЕКТРА е промоција на користењето на електрични скутери во урбаните зони и вклучување на граѓаните и на туристите во секојдневна употреба на зелени средства за превоз заради модернизација на урбаните средства за превоз.

Испрати коментар

Scroll To Top