Насловна / Архитектура / Почина архитект Михајло Митровиќ (1922-2018)

Почина архитект Михајло Митровиќ (1922-2018)

Михајло Митровиќ (1922-2018), еден од најпознатите српски архитекти во светот и проектант на кулата „Генекс“, почина вчера во 97. година.
Дипломирал 1948. на Архитектонскиот факултет во Белград. Бил стипендиста на Обединети нации во Франција и Данска 1950. година.

20151113155308_336365
Во Урбанистичкиот завод на Србија, како главен проектант, ги изработил урбанистичките планови за Зајечар, Трстеник, Пирот, Ниш, Бања Ковиљача, Лазаревац, Врњачка Бања.
Потоа продолжува да се занимава со проектирање во високоградбата. Како што самиот во едно интервју ќе рече: „ Во почеток се занимавав со урбанизам. Копнеев да го оставам, бидејќи во урбанизмот тоа што ќе го направите се гледа дури за 20 години. Кога се случи да преминам на архитектура, не ја напуштав. Правев куќи вон стандардите и не сакав да го следам моменталниот тренд. Кога почна „стакломанијата“ во архитектурата, се свртев на бетонот. Така, мојата куќа „Генекс“ е меѓу најголемите во светот изградена само од бетон. Таа куќа и денес е симбол на Белград. Мојот поглед на архитектурата бил секогаш да бидам во потрага по нешто што се одвојува од тековниот курс. Сатклото не го сакам. Сметам дека тоа не е археолошки материјал. Во класичната архитектура да се работело од стакло за нејзе не би останала никаква трага. Останале трагови од она што е ѕидано во тула и камен“.

genex
Михајло Митровиќ покрај симболот на Белград – кулата „Генекс”(Западна капија), проектант е и на многу други објекти како: Хотел „Путник”, одмаралиште „Нарцис“ на Златибор, храм Св. Василије Острошки во Белград, Врњачки циклус, станбени згради во Белград, зграда во Париз.
Во 1980. година избран е за редовен професор на Факултетот за применети уметности во Белград.
Самостојно изложувал во Музејот на современа уметност во Белград и Салонот МСУ во Варшава, потоа во Вроцлав, како и на колективни изложби во Милано, Њујорк, Рабат, Грац.

mm2
Добитник е на Октомвриска награда на град Белград, весникот Борба, Салон на архитектура, Голема награда за архитектура САС, Седмојулска награда за животно дело.
Бил почесен доктор на Белградскиот универзитет и претседател на Академија на архитектура на Србија (ААС). Беше и странски член на Руската академија на архитектура и градежни науки (РААСН). Покрај него единствени други членови на РААСН од Србија беа архитектите Богдан Богдановиќ и Светлана Кана Радевиќ, во моментов сите на изложба во Њујорк.
Академија на архитектура на Србија, вчера на својот сајт се прости од својот драг колега наведе дека тој бил „творец со најшироки простирања – архитекта, урбаниста и ентериериста, цртач и графички дизајнер, есеиста, архитектонски критичар, хроничар, полемичар, новински колумнист, педагог“.

mm
Митровиќ не е само архитекта, тој е сестрана личност, вистински интелектуалец кој се занимавал и со пишан збор. Секако за архитектурата и урбанизмот, но и на други теми кои сите не засегаат. Као што ќе каже и самиот „не пишувам за грди згради, туку за грди постапки“. Како секој вистински интелектуалец знае да расудува и не се плаши да го изнесе јавно својот став. Наместо расплинати и јалови описи, знејќи дека новинарски текст е прилика за ангажман и активизам, во својте текстови дава емоција, страст и залагање за вистински вредности. Со децении занимавајќи се со публицистика и критика во загребското „Око“ имал своја колумна (1983-89), пишувал за НИН од 1974. до 1983. година. Во „Политика“ непрекинато пишувал колумни 42 години. Автор е на книгите „ Понова архитектура на Белград “, „Се е архитектура“ и „На крајот на векот“.

161124112203

Испрати коментар

Scroll To Top