Насловна / Арт и дизајн / ‘Picasso and the Camera’ во њујоршката галерија „Гагосијан“

‘Picasso and the Camera’ во њујоршката галерија „Гагосијан“

gagosijan pikaso (2)

Престижната галерија „Гагосијан“ презентира своја петта изложба посветена на Пабло Пикасо. Оваа љубов започна во 2009 година, кога беше отворена изложбата Mosquetero, по што следеле уште три – една посветена на Пикасо и неговиот медитерански период (2010 година), односот на уметникот со Марија Тереза ​​(2011) и со неговата љубовница и муза Франсоаз Жило (2012). Овој пат галеријата одлучила да го испита влијанието на фотографијата врз креативноста на уметникот.gagosijan pikaso (3)

Пикасо не е само што бил инспириран од фотографијата, туку медиумот активно го користел во создавањето на своите дела. Од раните години бил љубител на фотографијата и соработувал со големиот унгарски фотограф Брасај. Покрај тоа, Пикасо е веројатно најмногу фотографираниот уметник на 20 век. Неговите портрети ги правеле сите великани на фотографијата – Ман Реј, Ли Милер, Жан Кокто, Арнолд Њуман и други фотографски ѕвезди. „Гагосијан“ ќе се претстави со серија на ретки, досега необјавени фотографии од Пикасо, негови портрети, скулптури, цртежи, филмови инспирирани од овој медиум. Изложбата ќе трае до 3 јануари.

gagosijan pikaso

Испрати коментар

Scroll To Top