Насловна / Вести / Отворени 14. Меѓународен саем на градежништво и 7. RealExpo

Отворени 14. Меѓународен саем на градежништво и 7. RealExpo

Четиринаесеттото издание на Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и седмиот RealExpo – Меѓународен саем на недвижности, се отворени и ќе трааат до 4 март.

100 директни и 200 индиректни изложувачи од земјава и од странство се претставени во три изложбени хали на Скопскиот саем.saem-gradeznistvo

На Саемот на градежништво се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти. Бројот на изложувачи и оваа година е голем, а компаниите ќе бидат распоредени во три саемски хали.

„Кога сте дел од заедницата на градежната индустрија, станувате ангажирани и поврзани со бизниси како и вашиот, кој сакате да го зголемите, да го проширите и да го унапредите… Од оваа синхронизација на саеми, на нашиот пазар директна полза имаат сите чинители во градежната индустрија и пазарот на недвижности, откривајќи иновативни производи и концепти за унапредување на овие гранки во стопанството, како и директно самите корисници, граѓаните“, рече извршниот директор на Скопски саем, Даниела Глигоровска.

Директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски рече дека оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и на нашите работни средини, сè повеќе не е луксуз, туку услов што треба да обезбеди подобра иднина.

„Од енергетските показатели може да забележиме дека 40 отсто од енергетските потреби на РМ се задоволување на потребите на домаќинствата. Тоа ни укажува дека имаме голем потенцијал за намалување на потрошувачката. Од тие причини сметаме дека енергетската ефикасност е клучна за енергетскиот развој на земјата“, рече Дуковски.

Претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори Роберт Хот, го пофали овој формат на Саемот за градежништво.

Швајцарската амбасадорка во Македонија, Сибил Сутер Техада, го прогласи саемот за отворен, истакнувајќи дека е среќна што во фокусот на овој саем е енергетската ефикасност.

На Саемот за недвижнини – RealExpo учествуваат голем број на компании кои ќе ги изложат своите понуди за станбени објекти. На овој саем посетителите имаат можност да разгледаат голем опус на станови како една од најважните животни одлуки.

За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Енергетската ефикасност полека станува значаен дел од градежната индустрија и заинтересираните граѓани за време на саемот ќе ја имаат можноста да се запознаат со најдобрите начини за заштеда на енергија во објектите.

 

На 3 март ќе се одржи и трибина на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“ во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Скопски саем. На трибината ќе се разговара за вреднувањето на професијата архитект во Македонија, цените на проектирање по кои работат архитектите и нивото на квалитет при имплементација на проектите во градба. На трибината е планирано да говорат архитекти од пракса.

Промоцијата на енергетската ефикасност на Саемот на градежништво е поддржано од Швајцарската Амбасада во Република Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability). Се работи за програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.

Цената на влезницата за посетители изнесува 80 денари, а за групна посета е 40 денари.

Работното време е од 10 до 19 часот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top