Насловна / Вести / Општината Штип издаде градежно одобрение за новата Клиничка болница

Општината Штип издаде градежно одобрение за новата Клиничка болница

klinicka-stip

Изградбата на новата клиничка болница во Штип може да почне. Општината издаде градежно одобрение.

„Ќе се започне со подготвителни работи и склучен е договор за плаќање на комуналниот надоместок, на општина Штип ќе се исплатата комуналии во вредност од 47.400.000 денари. Површината е многу голема и поради тоа ќе биде и фазна градба“, изјави Силвана Николова, раководител на Оделението за урбанизам.

Според најавите, објектот на новата клиничка болница ќе се гради на 8 нивоа, и ќе располага со 17 амбуланти и 354 легла. Реализацијата на овој проект ќе значи изградба на болница со карактеристики и функционалности каква што досега не е изградена во Македонија.

Новата болница ќе се протега на површина од 34.000 м/2 и ќе се гради на сегашната локација на болничкиот комплекс, на местото меѓу главната болничка зграда на Инфективното одделение и зградата на сегашна Педијатрија.

Изградбата на новата Клиничка болница во Штип ќе чини 34 милиони евра, преку заем се бараат од Европската банка. Веднаш, државата на Општината ќе и исплати 15 милиони од надоместот за комуналии, а останатите ќе ги плаќа на 19 рати. Парите ќе бидат инвестирани во уредување на инфраструктурата околу болницата:

– Изработени се проекти за улицата „Тодор Коларов“ која што ќе биде проширена на влезот на болницата и исто така треба да има влез и од улица „Љубен Иванов“ – рече Николова.

Штипската болница е една од најстарите во државата, а поедини нејзини одделенија се градени уште во дваесеттите години од минатиот век. Условите за престој таму се катастофално лоши. Инаку, Штипската болница која е со статус Клиничка е во функција на околу 200.000 пациенти од Источниот регион.

Испрати коментар

Scroll To Top