Насловна / Вести / Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Коле Неделковски“

Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Коле Неделковски“

Општина Центар започна да ја реконструира улицата „Коле Неделковски“, на потегот од кружниот тек до булеварот „Илинден“.

Се асфалтира коловозот на површина од 652 м2 и се поставуваат нови павер елементи на тротоарите на површина од 360 м2. Се врши замена и на рабниците во должина од 360 метри.Ulica 'Kole Nedelkovski' (2)

Улицата беше во катастрофално лоша состојба и жителите реагираа и се жалеа до општината и до градоначалникот Андреј Жерновски на ударните дупки и многуте прекопи создадени од новите згради.Ulica 'Kole Nedelkovski' (6)

Улицата „Коле Неделковски“, која е изградена во 30-тите години од минатиот век, досега не е комплетно реконструирана. Пред 20-ина години е поставен асфалт, кој беше речиси целосно уништен.Ulica 'Kole Nedelkovski' (3)

Во мандатот на новото раководство, ова е 16-та улица која Општина Центар ја реконструира во Дебар Маало.Ulica 'Kole Nedelkovski' (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top