Насловна / Архитектура / Точки во основата, линии во просторот

Точки во основата, линии во просторот

tocki-vo-osnovata-1.jpgСместен на најсеверната точка од Менхетн во Њујорк, каде што познатиот
мост "Бродвеј" се пресекува со Десетта Авенија, неодамна отворениот
спортски центар Campbell формира портал кон атлетскиот комплекс Baker,
т.е. примарната спортска установа за надворешна спортска програма на
универзитетот Колумбија. Како прв нов атлетски центар конструиран на
универзитетот Колумбија, по изградбата на физикалниот фитнес центар
Marcellus Hartley Dodge во 70-тите години на минатиот век, спортскиот
центар Campbell го дефинира новиот агол на ревитализираниот атлетски
комплекс, и располага со зголемени програмски простории за целокупната
студентска атлетска програма.

 

Објектот, кој располага со површина од 4.459м² и е реализација на познатото архитектонско студио "Steven Holl Architects", обезбедува простори за кондициони тренинзи, канцеларии во склоп на универзитетските спортски активности, "театарски" соби за разни собири, апартмани за гости, како и читални за студентите. Спортскиот центар опслужува активности кои би го поттикнале и мотивирале спортскиот дух на студентите – атлети.

tocki-vo-osnovata-1.jpg

 

Дизајн концептот "точки во основата, линии во просторот", конципиран како дијаграми за спортско игралиште за фудбал, кошарка, рагби – се заснова на точки позиционирани на наклонет терен. Како што точките и линиите во дијаграмот ги дефинираат физичката сила и напор, т.е. туркањето и влечењето за време на натпреварите на игралиштата, така елевациите на објектот произлегуваат од извлекување и повлекување на волумени во просторот, т.н. "pull & push" концепт.

 tocki-vo-osnovata-2.jpg

Волуменот на објектот обликува урбан агол помеѓу мостот "Бродвеј" и 218. Улица, потоа издигнувајќи се за да формира портал, истовремено поврзувајќи ги спортските игралишта и уличниот, градски пејзаж.

Простирајќи се преку стрмен предел, сините тавански површини ја потенцираат отвореноста на монументалниот урбан трем кон атлетскиот комплекс.

 tocki-vo-osnovata-3.jpg

Терасите и надворешните скали, кои ја имаат улогата на "линии во просторот", ја отсликуваат динамиката од спортските терени на и во објектот, и отвораат разни визуелни доживувања од горните нивоа на објектот кон Менхетн. Со нагласена и соголена бетонска и челична конструкција, како и алуминиумска фасадна обвивка, објектот потсетува и е во согласност со уникатната историја на самата област. Неговите детали претставуваат јасна рефлексија на сегашната инфраструктура, која го дефинира славниот мост "Бродвеј".

 

Андреа Јамакоска

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top