Насловна / Вести / Од утре поевтинуваат дел од услугите на Катастарот

Од утре поевтинуваат дел од услугите на Катастарот

Од утре се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности што значи дека граѓаните кои од страна на Катастарот се одбиени по кој било основ, при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест.Katastar

Директорот на Катастарот Борис Тунџев по минатонеделната средба со министерот за транспорт и врски изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка.

– Ова значи дека во случај кога од Агенцијата за катастар на недвижности е одбиен предметот по кој бил основ, при повторното поднесување на истата таа пријава за тој предмет граѓаните нема да плаќаат никаков надомест, појасни Тунџев.

Од страна на Катастарот најавено е и намалување во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастер, како и на надоместокот кој граѓаните го плаќаат при запишување на одредени права.

Испрати коментар

Scroll To Top