Насловна / Архитектура / Со јахта на базен

Со јахта на базен

jahta_na_bazen.jpgВо местото Алгаробо
во Чиле се наоѓа
одморалиштето Сан
Алфонсо Дел Мар кое
многу повеќе е познато по
најголемиот вештачки базен
отколку по архитектурата на
објектите што го опкружуваат.
Базенот лоциран до океанскиот
брег со неправилна форма
е отворен во декември
2006 година, а неговата
конструкција чинела повеќе
од 2 милијарди долари.
Долг е 1000 метри и зафаќа
површина од 7.6 хектари.
Базенот е со длабочина од
35 метри е не само најголем,
туку и најдлабок на светот.

Тој собира 198 милиони
литри вода (250.000 м/3) за
што на сопственикот му се
потребни 4 милиони долари
годишно за одржување.
Користи модерна технологија
за пумпање на водата во
базенот од самиот океан
при што се филтрира, а по
извесно време се враќа назад
во океанот. Технологијата е на
сопственикот на базенот и на
одморалиштето, чилеанскиата
компанија Кристал Лагунс.
Ако не сте љубител на
пливањето, тогаш во базенот
можете да се возите со
јахта или да пловите со
помали бродови.

Драган Ристов

jahta_na_bazen_2.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top