Насловна / Архитектура / Симбол на деловен успех

Симбол на деловен успех

deloven_uspeh_thumb.jpgНа атрактивна локација во строгиот центар на градот, веднаш спроти Соборниот храм, неодамна се отвори новиот Grawe Bussines Center на осигурителна компанија од Грац, Австрија. Сместен на аголот на булеварите Климент Охридски и Партизански одреди, објектот што го проектираа архитектите Ѕвонко Тасевски и Крсте Петров од проектантската куќа ДСЦ Дизајн, паѓа во очи со својот препознатлив архитектонски израз кој е карактеристичен за сите објекти на оваа компанија. 

Се одликува со прави линии и јасни форми, кои создаваат имиџ на модерен деловно-административен објект. Дефиниран е со два основни кубуси и нивната материјализација. Првиот е составен од застаклен транспарентен дел нагласен по вертикала со бели траки, а вториот дел e затворениот кубус изведен од контактна фасада. Во ентериерот што содржи 2000мdeloven_uspeh.jpg² корисна површина, архитектите успешно одговараат на барањата на инвеститорот како во поглед на функцијата, така и на дизајнот.

 

Содржините се организирани на подрум, приземје, пет идентични катови и завршен кат. Над него се простира зелен покрив-градина, кој претставува атрактивен простор наменет за најразлични манифестации. Приземјето опфаќа влезен хол со контролиран пристап, вертикални комуникации, додека останатиот дел од приземјето е деловен простор.

 

Внатрешниот простор на сите катови во објектот е решен како „open space”, односно флексибилен простор каде има можност за преградување за еден, два и повеќе корисиници на кат, со што му се овозможува на потенцијалниот корисник самостојно решавање на потребите и ентериерот.

 

Подовите во објектот се изработени од природен гранит и првокласен паркет, а плафоните се од акустични панели. Фасадите на објектот имаат строг, модерен израз. Тие претставуваат комбинација на структурална и полуструктурална фасада, со нагласени хоризонтални профили. Емајлираното стакло на фасадата е во зелена боја, што е препознатливо и карактеристично за изгледот на објектите на компанијата.

 

Фасадата е декорирана со бели вертикални решеткасти носачи, во кои се вградени лед диоди по целата должина, кои придонесуваат за интересен ефект на објектот во својата околина за време на вечерните часови. Северната, најекспонираната фасада е претставена како една мазна, рефлектирачка рамнина, која треба да го истакне во прв план достоинството и стабилноста на инвеститорот. Затоа и структуралниот потег е повлечен од приземјето, па сè до покривот, суптилно завршувајќи со мека линија на скулптура, која има посебни квалитети со начинот на кој е осветлен, а и симболиката што ја носи во себе.

Пристапот во објектот е од северната страна преку улицата Пиринска, каде е организиран главниот влез во зградата, додека влезот за автомобили во подземната гаража е од новопроектираната улица. Паркирањето за потребите на објектот е обезбедено во подземното ниво. Изведбата на објектот траеше околу една година, од август 2009 до август 2010 година, кога и официјално се отвори.

 

 

Сања Вели чковска , дипл.инж.арх. 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top