Насловна / Вести / Научна мисија на Северен Пол нарушена од пандемија на корона вирусот

Научна мисија на Северен Пол нарушена од пандемија на корона вирусот

Пандемијата на корона вирусот спречи десетици научници да се приклучат на истражувачката мисија на Арктикот, насочена кон подобрување на моделите за предвидување на климатските промени.
Мисијата MOSAiC се соочува со клучна фаза на истражување, но десетици научници сè уште се во карантин и чекаат дозвола за влез во едногодишната експедиција која изнесува 140 милиони евра.

severen1
Извесно време, на меѓународната мисија и се заканувало откажување, бидејќи една по една земја наметнуваа забрана за патување за борба против коронавирусот, нарушувајќи ги плановите за испорака на опрема и потрошен материјал и персонал во германскиот истражувачки брод „Polarstern“ кој е на Арктикот од септември.
Метју Шуп, научник кој ја проучува атмосферата на Универзитетот во Колорадо, еден од водачите на експедицијата MOSAiC, наведува дека веста за пандемијата на корона вирусот ги вознемирила луѓето кои ја минале лутата арктичка зима на бродот „Polarstern“.

Polarstern-Winterexperiment
“Некои само сакаа да си одат дома кај своите семејства“, изјави Шуп за „Асошиејтед Прес“ во видео-интервју од германското пристаниште Бремерхавен, каде е во карантин со 90 други научници и членови на екипажот, за да се потврди дека не се заразени со корона вирусот.
Организатори од Институтот Алфред Вегенер за истражување на Земјата и Океанот успеале минатиот месец да вратат неколку лица од „Polarstern“ со авион преку Канада. Остатокот од екипажот ќе биде заменет со помош на два германски истражувачки бродови кои ќе го пречекаат „Polarstern“ на работ на замрзнатото подрачје на Арктичкиот океан.
Затоа „Поларстерн“ ќе мора на три недели да ја напушти за научниците сегашната важна позиција и тоа во критично време кога има промена на сезоните на Арктикот.
“Ние сме на еден чекор од почетокот на сезоната на топење на мразот во морето и тоа е навистина важен период на промена за нас. Тоа би можело да се случи без нас, кога бродот нема да е таму. Тоа ја загрозува нашата задача”, вели Шуп.

severen2
За да не пропуштаат клучни податоци, истражувачите ќе остават некои инструменти на мразот, вклучително и 11-метарска кула со опрема за мерење на атмосферата и се надеваат дека ќе ги најдат кога ќе се вратат.
“Мразот може да се подигне и се да уништи. Се надеваме дека тоа нема да се случи“, вели Шуп.
Дополнителен проблем е што морскиот мраз почна да се крши и да се движи порано од очекуваното, што е знак на можни идни промени на Арктикот доколку продолжи глобалното затоплување.
“Тоа е предизвик, но мора да се соочиме со тоа и да го направиме мерењето“, рече Шуп.
Научниците веќе собраа вредни податоци од септември, кога 100 истражувачи и членови на екипажот од 17 земји, вклучувајќи ги САД, Франција, Кина и Велика Британија, отидоа на Арктикот.
Шуп вели дека мерењата што научниците успеале да ги извршат за време на долгата арктичка зима, ќе ги подобрат моделите што ги користат за да пресметаат како снегот го изолира морскиот мраз и влијае на движењето на енергијата.
“Секако дека знаеме во принцип како работи, но сега имаме набљудувања кои ќе ни кажат како навистина се случува“, додава Шуп.

Испрати коментар

Scroll To Top