Насловна / Вести / „Март – месец на мебел“ во „Јавна соба“

„Март – месец на мебел“ во „Јавна соба“

Денеска во „Јавна соба“ почнува акцијата „Март – месец на мебел“, каде што 12 македонски брендови одобруваат голем мартовски попуст на својот асортиман.

Идејата е да им се овозможи едно поинакво искуство на сите оние што оваа пролет одлучиле да го уредат својот дом или работен простор.

Print

Имајќи секојдневна активност како дружење со пријателите на ручек или кафе, работа на лаптоп и доручек, оние што ќе ја посетат „Јавна Соба“ во текот на овој месец ќе може да ги почувствуваат естетиката и функционалноста на сите изложени парчиња мебел и можат да го пронајдат она што се вклопува во нивната замисла и да добијат попуст за него.

Ентериерот на „Јавна Соба“ е целосно уреден со македонски производи, каде и целта е сите оние што со своите производи придонеле овој простор да е пофункционален и попривлечен, со заеднички пристап кон домашната публика, покажувајќи дека може да создадат уште многу пријатни и модерни ентериери.

„Креирајте ја атмосферата што сте ја замислиле за Вашиот дом, викендичка или канцеларија, поканете ги своите пријатели на дружење и одберете го она што на сите најмногу ви одговара. Купувањето мебел може да биде многу опуштено!“ порачуваат од Јавна Соба.

Цел месец, секој ден од 9 до 24 часот, во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, може да се одбере парче мебел и осветлување од: Софа Студио, Tворница, Кирче Стојоски, WE AND NAТURE, Feydom, Zavar Design, Urban Old, Spin Furniture, Lotus Lounge, Rinocca, Design mk, Modular, Vrchkovski Lighting.

Испрати коментар

Scroll To Top