Насловна / Арт и дизајн / „Луѓе кои јадат компир“ на Ван Гог, грешка или ремек дело?

„Луѓе кои јадат компир“ на Ван Гог, грешка или ремек дело?

Во Музејот на Ван Гог во Амстердам од 8. октомври изложена е колекција на подготвителни скици на Винсент ван Гог за „преработка“ на сликата „Луѓе кои јадат компири“ (масло на платно 82 cm x 114 cm), која славниот уметник ја завршил во 1885 година додека живеел во Брабант.

2

Ова ремек дело во времето кога е создадено не било прифатено ниту од купувачите, ниту од пријателите и семејството на славниот сликар.

Изложбата ја истражува позадината на „Компирџиите“ и значењето на сликата. Тоа на посетителите ќе им помогне да формираат сопствено мислење за делото за кое самиот Винсент сметал дека е најдоброто нешто што го направил, заедно со Спалната соба, Сончогледите и портретот на Augustine Roulin.

1_resize

И покрај силните и невообичаено академски напори на уметникот, за што сведочат повеќе од 50 писма, скици, цртежи и слики изложени во Музејот Ван Гог во Амстердам од петокот, сликата „Луѓе кои јадат компир“ наиаишла на речиси едногласно неодобрување, дури и меѓу неговите најблиските пријатели.

Сликата никогаш не се појавила на изложба и завршила непродадена, висела над каминот во станот на брат му Тео во Париз.

5_resize

„Студиото за јадење компири“ им овозможува на посетителите уште повеќе да се доближат до мајсторот и неговото ремек дело. Во поставката во рамки на реконструкција во природна големина, славната слика може да се доживее на поинаков начин.

Може директно да се влезе во колибата на семејството De Groot и седне на нивната маса за вечера. Винсент поминал часови со нив, набљудувајќи го семејството како јаде компири.

4_resize

Во „Студиото за јадење компири“ има обемен програм на активности наменет особено за семејства со деца од четири до 17 години. Исто така има работилници на кои може подобро да се запознае семејството De Groots и посетителите да направат своја верзија на „Луѓе кои јадат компир“.

6_resize

Ван Гог ги гледал луѓето кои јадат компири како изложба, за што намерно избрла тешка композиција за да докаже дека е на пат да стане добар сликар. Сликата морала да ја прикаже суровата реалност на животот на село, па затоа им дал на селаните груби лица и ковчести, изработени раце. Тој на овој начин сакал да покаже дека „самите ја обработиле земјата со своите раце кои ги ставаат во садот … дека тие чесно си ја заработиле храната“, напоменуваат организаторите на изложбата.

3

Ги насликал петте фигури во земјени бои – „нешто како бојата на навистина прашлив компир, секако неизлупен“. Пораката на сликата за Ван Гог била поважна отколку точна анатомија или техничко совршенство. Тој бил многу задоволен од резултатот: сепак неговата слика предизвикала значителна критика, бидејќи нејзините бои биле толку темни и фигурите полни со грешки. Денес, „Луѓе кои јадат компир“ е едно од најпознатите дела на Ван Гог. Изложбата ќе биде отворена до 22. февруари 2022 година.

8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top