Насловна / Вести / Лондон е најзелениот град во Европа

Лондон е најзелениот град во Европа

Лондон ја доби титулата најзелен град во Европа благодарение на тоа што 40 отсто од површината е всушност зелена површина, со дури осум милиони стебла.

Лондон е еден од најразвиените градови во светот и го има најнаселеното урбано подрачје во Европската Унија и второ најголемо во Европа. Спротивно на јавното мислење, овој град има многу зелени површини и паркови кои му даваат посебен изглед. Лондонските паркови се едни од најпознатите туристички локации.Hyde-Park

Хајд парк е еден од најпознатите паркови во светот. Во него има 4 000 стебла, големо езеро и разни видови животни. Риџентс парк е со површина од 1,6 километри квадратни, а е направен во 1811 година. Познат е по прекрасните цветни градини и најголемото отворено игралиште во Лондон.

Паркот на свети Јаков е окружен со три кралски палати, а се простира на површина од 23 хектари. Познат е по езерото со пеликани и парадата на кралската коњаница, а во зградата наречена The Mall во текот на годината се одржуваат разни, најчесто кралски, церемонии.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top