Насловна / Вести / Копенхаген – првиот паметен и јаглеродно неутрален главен град во светот до 2025 година

Копенхаген – првиот паметен и јаглеродно неутрален главен град во светот до 2025 година

Копенхаген поставува зелени стандарди за паметните градови ширум светот, со амбицијата да стане првиот јаглеродно неутрален главен град до 2025. Уште во 2009 година, Копенхаген се посветил на оваа цел. Имено, таа година, Копенхаген е домаќин на Глобалната конференција за климата COP15. Тогаш, раководството на градот си задава цел која истовремено ќе служи како пример поттик и мотивација за другите градови ширум светот.  Согласно Договорот од Париз, Европската унија се посвети на јаглеродна неутралност до 2050 година. Седумнаесет членови на Carbon-Neutral Cities Alliance се обврзани на намалување на своите емисии на јаглерод диоксид за 80% до 2025 година. Копенхаген оди чекор понатаму, програсувајќи дека ќе стане првиот јаглеродно неутрален град до 2025 година. Досега работите се одвиваат според планот, па Копенхаген е на добар пат да ја постигне оваа цел.

copenhagen1

 

Јаглеродната неутралност ќе се постигне на следниот начин:

– преку балансирање на емисиите на јаглерод диоксид со отстранувањето на  јаглеродниот диоксид

– преку процес на зафаќање и отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата

– Елиминација на користењето на јаглен и други фосилни горива и нивна замена со 100% енергија од обновливи извори

– Силен фокус на еконосмки раст, вработување и квалитет на животот, и сл.

copenhagen3

Во 2014 година, Копенхаген стана Зелена престолнина на Европа (European Green Capital), со што стана лидер во зелената економија. За да ги редуцира емисиите од системот за далечинско греење, градот произведува топлинска енергија од отпад, а се гради и голема постројка за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија која ќе работи на дрвна биомаса, со цел да се супституира енерганата од 600 MW, која користи јаглен.  Дополнително, планирано е намалување на околу 75% од емисиите во градот преку зголемување на уделот на обновливи извори на енергија во градскиот топлификациски систем.  Но, градот поседува и централизирано ладење со користење на морска вода.  Ваквиот концепт, преку понатамошно проширување на мрежата корисници, ќе го ослободи градот од околу 80.000 тони CO2 годишно. Во периодот од 2015 до 2019 година, со проектот EnergyLab Nordhavn развиена е нова урбана енергетска инфраструктура за идни енергетски решенија. Целта на проектот е интеграција на релевантни и достапни облици на енергија во градот, вклучувајќи електрична енергија, топлинска енергија за греење, енергетски ефикасни згради и електричен транспорт. Проектните активности се концентрирани во  Nordhavn, нов пристанишен кварт на Копенхаген.

copenhagen2

Овој кварт е проектиран како жива светска лабораторија за паметни енергетски решенија.  Копенхаген ги тестира паметните технологии со цел да се справи со растечките предизвици на урбанизацијата и климатските промени. Решенијата од областа на информатичката технологија ќе го направат Копенхаген почист и поздрав за живеење. Природно, Копенхаген привлекува многу стартап компании. Постојат околу 250 компании во пошироката област на Копенхаген,  инволвирани во активностите за паметен град.  Се нуди лесен пристап за соработка и партнерство со јавниот сектор, индустријата и академската заедница. Учеството на граѓаните е исклучително застапено во Данска, со долга традиција на вклученост во урбанистичкото планирање и развој. Данците лесно усвојуваат нови технологии, што ги прави една од дигитално најразвиените нации во светот.  Cisco Systems работи во партнерство со три општини во Данска на развивање на услуги за граѓаните базирани на Internet of Things (IoT). Остатокот од светот треба да научи и развие слични проекти. Ваквиот приспап не само што придонесува кон економски и социјален развој, туку е насочен и кон една многу поголема цел – борба против климатските промени.

 

Испрати коментар

Scroll To Top