Насловна / Архитектура / Конкурс за најдобро архитектонско решение и изведен објект со системите за градба на ИГМ Младост

Конкурс за најдобро архитектонско решение и изведен објект со системите за градба на ИГМ Младост

ИГМ Младост со гордост го објавува првиот награден конкурс за архитекти и проектантски бироа – за најдобро архитектонско решение и најдобро изведен објект со Mladost системот на градба. Целта на конкурсот е да се истакнат најдобрите примери на модерна, функционална и енергетски ефикасна архитектура, остварени со примена на производите од производната програма на компанијата.

За кого е наменет конкурсот?

Право на учество имаат сите проектанти и архитектонски бироа кои реализирале објекти со Mladost системите за градба, во текот на 2024 и 2025 година, во Р. Србија и во странство.

На што ќе се обрати посебно внимание?

Стручното жири ќе ги оценува проектите според следниве критериуми:

  • Дизајн – атрактивност и оригиналност на решението.

  • Амбиент и инфраструктура – вклопување во пошироката околина.

  • Примена на Mladost системот на градба – надворешни ѕидови, внатрешни ѕидови или кровен систем, во согласност со препораките од компанијата.

  • Функционалност и одржливост – енергетска ефикасност и долгорочна вредност.

Категории:

  • Станбени објекти

  • Деловни објекти

Времетраење на конкурсот:

Од 01.04.2026 до 31.05.2026 година. Пријавите поднесете ги на линкот: https://mladost.co.rs/nagradni-konkurs/

Зошто да учествувате?
Покрај вредните награди, конкурсот нуди можност вашето дело да биде препознаено, истакнато и промовирано како референтен пример за современа градба во регионот.Ги очекуваме вашите пријави!

За компанијата ИГМ Младост:

Со традиција долга 115 години, Младост е еден од најголемите производители на градежен материјал во регионот на Балканот и Југоисточна Европа. Нашите производи – ќерамиди и блокови за ѕидање и меѓукатни конструкции – се препознаени по својот квалитет не само на домашниот пазар, туку и во Македонија, Бугарија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словачка, Црна Гора, Русија, Полска, Германија, Франција и Белгија.

 

*Комерцијален текст!

Испрати коментар

Scroll To Top