Насловна / Урбанизам / Презентација на три проекти за урбанистичката иднина на Охрид

Презентација на три проекти за урбанистичката иднина на Охрид

urbanisticka_slika_ohrid.jpgВо предвечерјето на отворањетона овогодишното Охридсколето, арх. проф. Борис Чипанза јавноста приреди своевидно„отворање“ со презентацијана насловениот проект.Приказната на професорот очекуванобеше многу интересна, произлезена одвизијата на човек по рожба охриѓанец,со посветеност на вистински вљубеникна охридската магија.

И навистина,преполната голема одаја на куќата„Уранија“ се претвори во уво и око соочигледна почит кон живата легенда,која зборуваше за визија на еден нов,функционален и современ Охрид.

urbanisticka_slika_ohrid_3.jpg

Поаѓајќи од фактот што сегашната состојба на градот ги гуши неговите витални функции, а пред сè развојот, проф. Борис Чипан тргнал во своевидно истражување, барајќи нови урбани, естески и сообраќајни решенија со оригинален предлог за урбанистичка реорганизација на градскиот центар. (претходно публицирана во списанието Порта3 бр.109 од 25.02.2009 г.) Грдата слика на џган од возила и пешаци низ преубавиот староградски простор, секако бил мотив повеќе, авторот да се зафати со оваа студија, каде што проблемот со сообраќајот добил приоритетно место. Токму ова, како и многуте други нарушувања на развојот што ги произведува дневно профитниот интерес на локалните моќници, можно ќе го сменат трендот, а потоа и сликата, се разбира доколку бидат прифатени решенија и проекти како овој. Горе кажаното, а пред сè љубовта кон својот град, луцидниот автор го поттикнало да предложи и извади на виделина една убава и исто толку хумана визија за уредување на древниот град. Да видиме сепак, што всушност предлага авторот на студијата, кој со мала доза на цинизам вели „исфантазирал“ работејќи го овој проект. Студијата опфаќа три меѓусебно нужно поврзани функции како целина, кои на прв поглед личат за многу скапи или тешко изводливи, но доколку бидат реализирани, убеден сум дека ќе претставуваат вредна инвестиција. Поради фактот што во споменатиот лански број на „Порта3“, детално се опишани предложените решенија за сообраќајот, паркирањето и новиот плоштад со објектите во него, како и предлогот за ново автобуско стојалиште (во опфатот меѓу улиците Туристичка, Јане Сандански, Старото шеталиште под градот и езерото), понатаму во текстов ќе се осврнам на предлозите во старото градско јадро. Имено, авторот ја прифатил, и според моето мислење успешно ја имплементирал максимата на познатиот белградски архитект професорот Никола Добровиќ, дека секоја современа архитектура мора да го одразува и бележи трендот на актуелната архитектура и култура, со што ќе го обележи актуелното време, а тоа би требало да претставува своевидна „додадена вредност“ кон постоечкото. 

urbanisticka_slika_ohrid_4.jpg

Елем, професорот и неговиот млад соработник, во таков контекст предлагаат два нови изразито експресивни и според моето видување убави архитектонски градби. Камбанарија кај храмот Св. Софија и Музејско истражувачки центар и видиковец, а во партерот театар на отворено, сместен на Самоиловата тврдина. Обата објекта се со монументални димензии и остваруваат визуелна комуникација, односно „контакт“. Овие објекти ќе претставуваат реперни точки, во и кон градот, а пред се од Езерото. На 20-тина метри северно од Св.Софија е сместен објектот камбанарија. Оваа монументална кула, покрај функцијата на камбанарија, благодарејќи на нејзините димензии 8.0/8.0 во основа и висина од 40 метри, може да извршува и други функции. Новиот објект со изразена експресија добро кореспондира со храмот. Кулата со базниот трем во партерот и Св.Софија оформуваат атриум кој е во функција (заеднички) со двата објекта. Со скалилото што е проектирано на јужната страна од фасадата, поврзани се сите нивоа на објектот Камбанарија. Нивоата (катовите) ќе имаат своја функција, од кои е вредно да се посочат: -резиденција на архиепископот Охридско-Преспански -мала сала за седници на Синодот на МПЦ -ателје за иконописци -работилници за иконописци -мобилија за конзервација на икони -помошни простории и др. Вредно за споменување е и фасадниот дизајн на камбанаријата. Таа е стилизација на средновековните фасади обработени од челик и стакло. Проектот делува импресивно и современо, што е своевидна додадена вредност, во поширокиот, но и непосредниот амбиент на Градот и Св. Софија. 

urbanisticka_slika_ohrid_5.jpg

Храбриот потег на авторот не треба никого да изненадува, ако се знае дека значителен дел од својот живот и работа, професорот Чипан ги посветил на заштита и истражување на храмот Св.Софија и нејзината историја. Вториот проект е сместен во средиштето на Самоиловиот Град – акропол, како доминантна точка над Охрид. Архитектонски објектот ненаметливо „лежи“ врз старината Горни Сарај, без да ги загрози археолошките содржини. Напротив, објектот ја збогатува силуетата на старата тврдина. Објектот е поставен врз два нагласено робустни носачи, што го прифаќаат призматичното тело на градбата, подигнато над тврдината. Врз горната плоча е проектиран видиковец (тераса), од каде што се доживува длабокиот простор над и кон Стариот град, Св.Софија и Езерото. Во ниво на приземјето е проектиран и театар на отворено. Доколку овие вредни и храбри идеи во „Трите проекти за иднината на Охрид“ бидат разбрани и прифатени со желба да се реализираат, убеден сум дека Охрид ќе ја обезбеди својата супстанцијална вредност и ексклузивност за иднината.

 

Томислав ПИСЕВСКИ, дипл. инж.арх.

 

urbanisticka_slika_ohrid_2.jpg

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top