Насловна / Вести / Глобалниот извештај за 2021 година покажува дека енергетската транзиција е бавна

Глобалниот извештај за 2021 година покажува дека енергетската транзиција е бавна

Иако се повеќе се зборува за значењето на енергетската трнзиција за опоравување на земјите од пандемијата и поттикнување на економскиот раст, најновиот глобален извештај за обновливи извори на енергија за 2022 година, не дава позитивни резултати. Дотолку повеќе, глобалната побарувачка за електрична енергија забележала раст од 4%, од што голем дел се однесува на фосилните горива.

energytransition1

Најдобрите резултати за 2021 година во преминот на обновливи извори на енергија се остварени во енергетскиот сектор, додека напредокот во секторот сообраќај е најбавен. Исто така, голем проблем претставуваат домаќинствата и енергијата која се ккористи за греење и ладење.

energytransition2

Нилкас Хагелберг, координатор за климатски промени во Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP), смета дека поддршката на владите, националните стратегии и законодавството се склучни за транзицијата која е неопходна, затоа што енергијата е поврзана со околу 70% од глобалните емисии. Според неговите зборови, транзицијата не се одвива како што би требало, токму поради фактот што владите ги субвенционираат фосилните горива, со што истовремено се намалува поддршката за обновливи извори на енергија. Соларната енергија и енергијата од ветерот сочинуваат околу 90% од сите обновливи извори на енергија. По прв пат, овие извори даваат повеќе од 10% од светската електрична енергија. Иако ова звучи охрабрувачки, со цел да се одржи паток кон достигнување на нето нулта емисија до 2050 година, потребен е тројно поголем интензитет на енергетската транзиција. Имено, до 2030 година потребно е глобалните емисии да се преполоват, па затоа индустриите мора да се декарбонизираат. Позитивен пример за енергетска транзиција е Јужна Австралија која во 2021 година произвела 63% од електричната енергија потпирајќи се на ветерот и Сонцето.

Испрати коментар

Scroll To Top