Насловна / Архитектура / Фантастична сала направена целосно од бамбус

Фантастична сала направена целосно од бамбус

Дeка архитектонските проекти може да изгледаат сосема поинакво, и дека во нивната имплементација може да се користат еко материјали, докажале Chiangmai Life Architects (CLA) од Тајланд.бамбус_4

Токму они ја осмислиле и проектирале феноменалната школска спортска сала во тајландскиот регионот Chiang Mai, а привлечноста лежи во фактот дека притоа бил користен само бамбус. Целта била да се користи споменатиот материјал, кој е, исто така, нивниот локален симбол, со што самиот објект хармонично се вградил во амбиентот во кој се наоѓа. Во прашање е сала која се протега на 782 квадратни метри и е предвидена, меѓу другото, и за играње кошарка и фудбал. бамбус_2

Покрај тоа, странично, односно од двете страни има и балкони за гледачите и посетителите во текот на разни турнири и работилници. Со цел објектот да биде безбеден и издржлив, учествувале и двајца инженери кои се погрижиле конструкцијата да биде отпорна на силни ветрови, земјотреси и други природни катастрофи.бамбус_1 бамбус_3 бамбус_5 бамбус_6 бамбус_7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top