Насловна / Арт и дизајн / Еколошко совесни парчиња мебел

Еколошко совесни парчиња мебел

Одржливоста и грижата за животната средина е доста актуелна тема која сè повеќе и повеќе зема залет во сите сфери, па и во дизајнот. Кога станува збор за дизајн, прашањата во врска со употреба на нови материјали и рециклирање на отпадните, алтернативниот начин на нивното производство, како и заштедата на енергија во просторот станаа важни водилки за дизајнерите и произведувачите во рамките на ова поле. Иако екологијата е секогаш во прв план, не се занемарува и основната карактеристика која го прави дизајнот – естетика. Целта на одржливиот дизајн, всушност, е негување на она што е убаво, но и ставање акцент на здравјето, подигнување на свеста и на чувството за заедништво. Дизајнерските парчиња и произвоиди кои се одржливи треба да подлежат на едноставна и лесна поправка, расклопување и рециклирање, со користење минимални средства за испорака и одржливост, чија цел е скратување многу енергија и ресурси при производството.

Одржливи производи се оние производи кои обезбедуваат еколошки социјални и економски придобивки, а истовремено ја штитат животната средина во текот на целиот животен циклус: од самата екстракција на суровини до конечно отстранување.

Денешното модерно живеење и грижа за животната средина околу нас привлече голем број светски дизајнери да се занимаваат и да истражуваат токму ваков тип на обновливи материјали и екомебел. Ви претставуваме неколку од нив со своите современи и функционални, но пред сè еколошко совесни парчиња мебел. 

Аccanta маси од италијанската дизајнерка Maddalena Casadei

Година: 2021

2_resize

Accanta колекцијата претставува дизајнерски сет од три маси со различни димензии и намена, дизајнирани и изработени за брендот Pretziada. Она што ја прави колекцијата уникатна, а истовремено и еколошко одржлива е материјалот од кои се изработени масите – дебел слој на компресирана плута која е целосно природна без никакви додатоци и премачкувања со лак, хемикалии или вештачки бои. Инспирирани од едноставноста на нивната форма и конструкција, масите се лесни и издржливи, што ги прави флексибилни и достапни при рака за секоја намена.

Accanta-tables-stools-Maddalena-Casadei-pretziada-dezeen-showroom_dezeen_2364_col_3-852x1278_resize

Името Accanta значи ,,во близина“ на сардиниски, јазикот на островот во Италија, од каде и потекнува плутата од која се изработени.

„Плута е материјал што отсекогаш ме фасцинирал бидејќи е дел од медитеранската, а особено од сардиниската култура“, вели дизајнерката. „Плутата од даб е од суштинско значење за локалниот екосистем чија обработка не влијае штетно на растенијата, животните или на луѓето.“

07L_Tales_of_Collectivity_Spotti_Pretziada_ph_Claudia_Ferri_resize

Целата колекција е изработена и реализирана во колаборација со Falegnameria Pisu, традиционален семеен бизнис за обработка на дрво во Калиари, кои всушност ги создадоа специфичните густи блокови плута од отпад, од кои се изработуваат самите маси, каде секој блок е уникатен и единствен..

Ламби од мицелиум од дизајнерите Себастан Кокс и Нинела Иванова

Година:2017

3_resize

Во изминативе неколку години, мицелиумот како органски материјал наоѓа широка примена во градежните материјали, но исто така и во светот на иновациите и дизајнот. Дефиниран е како вегетативното тело на габите кое е составено од комплексна мрежа на тенки разгранети конци наречени хифи. Неговата структура може да се користи како природен лепак за врзување, но и со присуство на соодветните нутритивни материи, тој може да расте во широк спектар на биокомпозити, кои се целосно природни, нетоксични, биолошки материјали кои може да се одгледуваат на локално ниво и може да се компостираат по употреба.

у_resize

Ламбите од мицелиум се дел од проектот Mycelium + Timber од познатиот англиски дизајнер Себастан Кокс, во соработка со Нинела Иванова, изложени на Лондон дизајн фестивал во 2017 година. Серијата претставува смел експеримент кој вклучува столови и светла од дрвен отпаден материјал (отпадоци од врба) кој е сврзан со мицелиум од видот Fomes fomentarius. Ваквото врзување на мицелиумот, додека расте со дрвото резултира со неверојатно силни, лесни и целосно компостибилни парчиња дизајн.

4_resize

Себастиан Кокс е познат по својата работа со природни материјали и дрво, односно проекти и дизајн на мебел од даб, бука и леска. Трагајќи по алтернатива за лепило, која пред сè ќе има еколошка и органска природа, наидува на Нинела Иванова, која долги години ги истражува својствата и потенцијалот на примена на мицелиумот, како дел од својата докторска теза. На тој начин создаваат одлична и цврста симбиоза на два природни материјали чиј краен продукт има значајно биолошко, функционално, но и естетско значење кое наоѓа широка примена во секојдневните продукти.

Парчиња мебел и скулптури од лондонската дизајнерка Шарлот Кидгер

95_resize

Шарлот Кидгер е дизајнерка од Лондон која е позната по својата колоритна колекција на парчиња мебел и декор изработени од прашливи остатоци на полиуретанска пена, но и други отпадни материјали. Преку практичен и истражувачки пристап, за тоа како индустрискиот отпад може да се преработува и трансформира во нов дизајн, Кидгер експериментира со цел да ги трансформира често несаканите и безвредни материјали во уникатни и функционални објекти.

0_resize

Клуб маси, масички за кафе, скулптури, вазни, па и огледала се дел од последната Industral Craft колекција од отпаден материјал (70 % е прашина од полиуретанска пена и 30 % смола, која е во улога на врзно средство). Ваквиот избор на материјали, нивната комбинација како можност за нивно одново и одново трансформирање и сечење со помош на CNC-машини има потенцијал да развие широк спектар на тридимензионални форми и продукти од различни размери и намени. Оваа колекција зазема дел од многу уметнички изложби, саеми за мебел, но и како декоративен дел од излозите на светски познати модни брендови.

91_resize 92_resize

Sling столови за лежење од дизајнерите Сам Хехт и Ким Колин

Слинг столот за лежење, креиран од Сам Хехт и Ким Колин од лондонското студио Industrial Facility, е ново и смело парче мебел наменето за данската компанија ТАКТ.

Sam-Hecht-and-Kim-Colin-T07-Sling-Lounge-Chair-0-800x450_resize

Со акцент ставен на комфорот, Слинг столот е место каде може да се потоне во удобноста, да се пие кафе и прочита книга, но и да се разговара во целосно опуштен амбиент. Дизајнерите всушност велат дека столот како производ го отсликува начинот на денешното живеење усвоено како „лежерен живот“, – младешки, комфорен, понизок од стандардните столови, лесен и флексибилен за поместување и движење.

„Дизајнерското решение на столот претставува храбра и нова формална насока сосема поинаква – но удобно препознатлива – типологија погодна за реалноста на модерното живеење“- изјавува ТАКТ.

ѕх_resize

јјј_resize

Наспроти својот естетски и функционалнен карактер, столот е изработен од природни и одржливи материјали, и тоа од цврсти дабови парчиња, издржлив материјал кој доминира со својата карактеристична и елегантна текстура, позната по својата специфична површинска структура совршена при допир. Обработувано и третирано со природни масла, дрвото може да развива карактеристична патина со текот на времето, овозможувајќи при оштетување на површинскиот слој повторно измазнување со примена на шмиргла и нов третман со масло. Средишниот дел за седење е изработен од природен лен, чија продукција троши најмало количество на вода во споредба со останатите текстилни материјали.

Автор: Ангела СТЕФАНОВСКА, дипл. инж. арх.

о_resize

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top