Насловна / Урбанизам / Лисабон – ОД ЗАПУШТЕНА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ДО ЛУКСУЗЕН КВАРТ

Лисабон – ОД ЗАПУШТЕНА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ДО ЛУКСУЗЕН КВАРТ

industriska_zona_thumb.jpgЕКСПО или светскиот меѓународен
саем потекнува од средината
на 19 век, поттикнат од
англиската кралица со цел да ја
промовира својата моќ и моќта на
индустриската револуција. Како што
е познато, светските достигнувања
на човештвото се презентираат на
овие светски манифестации кои,
како и олимписките игри и светските
првенства, се организираат на
временски интервал од неколку
години.

За таа цел, во 1851 година
на Хајд парк во Лондон се гради
Кристалната палата, дело на Џозеф
Пекстон, во чија грандиозна градба
се одржува и првиот Светски саем.
Лисабон е само една алка од низата
на Експо-градови во светската
историја. Како дополнителен мотив
за борбата на Лисабон да биде
домаќин на „Експо 98“, бил и фактот
што во 1998 година се одбележувал
стотиот јубилеен саем откога
оваа манифестација официјално
постои.

 

Како и сите други претходни
организатори, португалската
престолнина се натпреварувала со
повеќе светски метрополи од кои
најсериозен кандидат бил Торонто
(Канада). Со изгласувањето во
корист на португалската метропола
од страна на меѓународно жири,
својата шанса да се промовира во
светски размери, Лисабон ја зграпчи
и ја искористи на извонреден начин.
Локацијата на лисабонскиот „Експо
98“ е сместена во крајбрежниот
појас на реката Тагус во должина
од пет километри со површина од
50 хектари.

 

На тоа место претходно
се наоѓала запуштена индустриска
зона која е оддалечена само 8
километри од центарот на градот.
Идејата на градските власти не била
само да се промовира лисабонската
и португалската култура, како и
развојот на науката и техниката,
туку да се формира еден сосема
нов кварт од градот, кварт кој ќе
продолжи да егзистира и после
„Експо 98“. Како неуспешен пример
за самоодржливост претставува
Севиља, град кој бил домаќин
на една од манифестациите на
„Експо“, и кој не успеа да го одржи
опстојувањето на саемскиот дел од
градот по неговото одржување.
Како една неатрактивна индустриска
зона лоцирана во непосредна
близина на централното градско
јадро да заживее, да функционира
и да опстојува како витален градски
простор!? Секако, со пренамена
во атрактивен станбен, деловен и
забавен кварт!

Како што и во фазата
на архитектонско-урбанистичкото
обмислување на еден нов зафат
се поаѓа од постаувањето на
инфраструктурата, така и за
реализацијата на еден проект
најзначајно е решавањето на инфраструктурното поврзување на
новото градско ткиво со постоечкото.
industriska_zona_1.jpg
ПОВРЗАНОСТ


Како што рековме, примарен
сегмент од реализацијата на
овој крупен градежен зафат
бил инфраструктуралната
поврзаност на Лисабон ЕКСПО 98
со останатите делови од градот
и поврзаноста со останатиот дел
од Португалија.

 

За таа цел, се
гради грандиозната железничка
станица „Gare do Oriente“, дело
на Сантјаго Калатрава
- станица
која претставува само еден дел од
огромниот транспортен центар во
новопроектираниот кварт. Освен
железничката станица, во нејзино
продолжение се изгради и автобуска
регионална и градска станица како
составен дел на „Gare do Oriente“.

 

Втор инфраструктурен проект
кој бил реализиран заради
поврзување на новиот дел од
градот со центарот на Лисабон
е новата метро линија. Новата
метро линија е проект со седум
нови метро станици, а завршната
станица е споена со транспортниот
центар. Свечаното пуштање на
оваа линија временски се поклопи
со отворањето на „Експо 98“.

 

Трет значаен и капитален
инфраструктурен елемент, кој бил
изграден за потребите на „Експо
98“ е најдолгиот мост во Европа
- Мостот Васко Де Гама
, кој со
својата должина од 17 километри го
поврза новиот дел со југоисточната
примарна сообраќајна мрежа.
Со сите овие три капитални
проекти кои биле завршени во
предвидениот рок се овозможил
непречен развој на објектите,
павилјоните и останатите градби
наменети за самиот светски саем.

 

Како исклучително важна јавна
содржина која го поврза новиот
транспортен центар и павилјонскиот
ансамбл е трговскиот центар „Васко
Де Гама“.
Во современиот урбанизам
и градењето на нови квартови во
поголемите европски метрополи,
секогаш треба да се размислува за
поставување на јавни содржини,
кои претставуваат извонредна
врска на транспортните центри
со урбаните полови јадра. На тој
начин се запазува континуитетот
на јавниот простор, се елиминира
изолираноста врз околните
содржини на новоизградените
градски простори, и конечно,
значително се зголемува квалитетот
на тој простор. Трговскиот центар
„Васко Де Гама“ е исклучително
значајна алка, која со својата
јавна содржина и високо естетски
реализирана градба, ги поврзува
останатите содржини од саемскиот
простор со „Gare do Oriente“.

industriska_zona_2.jpg
КОМПЛЕКСИ


Саемските градби претставуваат
ансамбл од изложбени павилјони
во овој крајбрежен појас
интерполирани со услужно-
угостителски комплекси и
сместувачки капацитети.
Најважни објекти од овој ансамбл
се: Океаниумот, Португалскиот
павилјон, Казиното, Кулите
близначки во форма на џиновски
бродови и Кулата-видиковец
Васко де Гама.

 

Интересна
инфраструктурна содржина која
се наоѓа во рамките на овој нов
дел од градот е жичарницата. Таа
ја поврзува Кулата-видиковец со
Океаниумот во рамките на целата
локација. Со овој потег се добива
исклучително важна опција кај
посетителите, кои можат преку
една ексклузивна визура да се
пренесат и превезат од едниот до
другиот крај на саемскиот комплекс,
запознавајќи се со целиот кварт, и
добивајќи можност од една птичја
перспектива да се восхитуваат
на новиот дел на Лисабон.

 

Новиот дел од Лисабон, по
завршувањето на саемот бил
затворен повеќе месеци за јавноста,
а потоа и бил преименуван,
добивајќи го името кое денес го
носи – „Парк на Нациите“. Фактот
што над 130 нации се претставиле
на „Експо Лисабон 98“ и фактот што
парковските содржини го спојуваат
и го хармонизираат ансамблот на
павилјонскиот комплекс, се мотивот
за добивањето на сегашното име.

 

Урбанистите оставија простор
„Паркот на Нациите“ и понатаму
да се развива добивајќи уште еден
екслузивен дел од градот што
освен со уникатноста сама по себе
отсекогаш привлекувал и со своите
околни содржини, благодарејќи и
на својата географска положба.

Васко Де Гама е еден од
најзначајните и наjславни имиња од португалската историја, и
тој не случајно се поврзува со
имињата на повеќето капитални
објекти од „Експо 98“.

 

Имено, во
1998 година се навршуваа 500
години од откривањето на водниот
пат од Португалија до Индија од
страна на Васко Де Гама, како
едно од најголемите откритија
и достигнувања во 15 век. Ова
водно поврзување овозможило брз
економски и политички развој на
Португалија во 15 и 16 век. Оттука,
нормално е да се извлече паралела
со настаните пет века подоцна, кога
повторно Португалија треба да се
бори на светскиот пазар, но овој
пат на поинаков начин. Државата
Португалија повторно пробива нови
пазари, но на еден пософистициран
начин, промовирајќи се себеси, меѓу
другото и како земја домаќин на
„Експо Лисабон 98“. Долгорочната
придобивка од овој настан за
самиот град е формирањето на
новата станбено-деловна област
во која се изградени повеќе од
25.000 домувања, и креирање на
една исклучително интересна
туристичка дестинација на градот
Лисабон. industriska_zona_3.jpg

 

Урбанистите на овој
простор интервенирале на многу
интелигентен начин. Прво, тие
замислиле сосема нов дел од градот
во функција на „Експо 98“, кој
сам по себе е атрактивен заради
современите и високоестетските
обликувани јавни простори кои
овозможуваат развој и на соседните
веќе изградени простори. И
второ, урбанистите делувале и на
долгорочен план овозможувајќи му
на градот да се шири и понатаму
во поранешните индустриски
и неатрактивни зони, a на тој
начин се зголемил квалитетот на
Лисабон во секоја смисла.

 

 

д-р Александар Андовски,

доц. при Универзитет МИТ-Скопје

www.aleksandarandovski.webs.com

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top