Насловна / Архитектура / Едноставност и скромност надоместена со разновидноста на доживувањата

Едноставност и скромност надоместена со разновидноста на доживувањата

Руинирана и напуштена аграрно – станбена целина на островот Пељешац во местото Конштари станува место за релаксација и одмор благодарение на проектот на архитектот Давор Бушња. Со опсежна реконструкција се задржува карактеристичната композиција со три постоечки волумена со укинување на програмска хиерархија.

3
Примарен просторно – конструктивен елемент на целиот склоп е камен ѕид, кој во склад со традицијата на далматинските населби, превзема двојна улога: го дефинира култивираниот простор и го одвојува од пејзажот и во исто време ги поврзува елементите на градбата и различните просторни секвенци во самостојна целина.

1

Ритмичкиот след на станбени волумени, потпрени на обиколниот ѕид, дополнет е со медитерански структури (зелена настрешница, камин, павилјон градина,влезен двор) формира просторна рамка на програмски и амбиентални различности.

2 6
Едноставната основа на објектот, скромните детали и материјали, надоместени се со разновидноста на доживувањата и богатството на преплетување на надворешните и внатрешните простори. Отворите во камената обвивка на станбениот волумен овозможуваат градирано да се нижат различни амбиенти и ги врамуваат деловите на пејзажот. Престојот во сенката на павилјонот пружа широки погледи кон драматичниот пејзаж на Пељешац.

4

Карактерот и удобноста на надворешните простори режиран е со просторна диспозиција и меѓуоднос на обиколниот ѕид и останатите структури.

5

7
Самоодржливоста постигната со проектирањето и изградбата на овоа место за одмор не се темели на примена на системи од помодарската палета за одржлива изградба. Синхронизацијата со поднебјето е спроведена како во вид на пасивно користење на природните ресурси, така и со комбинирана употреба на издржливи автохтони и индустриски материјали, а особено со примена на локално занаетчиство. Големо внимание е посветено на прилагодување на проектантските решенија на степенеот на локалното градителско know- how.

9 10 11 12 13

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top