Насловна / Вести / Дубровник станува првиот хрватски Plastic Smart City

Дубровник станува првиот хрватски Plastic Smart City

Worldwide Fund for Nature (WWF) - Mediterranean и Град Дубровник, потпишаа договор за соработка во рамките на проектот Plastic Smart Cities Croatia, чија цел е намалување на пластичниот отпад во морето. Со цел да ги мотивираат градовите ширум светот на намалување на загадувањето со пластичен отпад, WWF ја покрена иницијативата  Plastic Smart Cities, чии цели се поклопуваат со Глобалните цели на одржливиот развој.

Проектот трае две години, а во тој период се предвидени активности во насока на намалување на пластичниот „отпечаток“, со имплементација на мерки за намалување и/или престанок на користењето на пластика за еднократна употреба во различни сегменти на јавниот живот на градот и подобро управување со отпадната пластика.

Дубровник ќе развие План за имплементација на овие мерки, и ќе стартува пилот проект со цел намалување на загадувањето со пластика за 30% во рок од две години. Следниот чекор во проектот е изработка на анализа која ќе даде преглед на моменталната состојба во градот, степенот на користење на пластиката за еднократна употреба, како и алтернативите за замена. Потоа следува изработка и усвојување на план со мерки кои ќе с еимплементираат во втората половина на траењето на проектот, односно во текот на 2021 година.

dubrovnik1

dubrovnik2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top