Насловна / Арт и дизајн / Скулптура за Deutsche Bank

Скулптура за Deutsche Bank

doice_bank_thumb.jpgАрхитектите од студиото “Mario Bellini Architects“ со седиште во Милано, дизајнирале необична
и мошне габаритна структура која е наменски
направена за ентериерот на централното седиште
на Deutsche Bank во Франкфурт. Имено, скулптурата
успешно воспоставува врска со ентериерот што
е со футуристички изглед и со материјалите
како што се млечното стакло и челик, како и со
транслуцентното осветлување.

Своето присуство
во просторот, оваа голема скулптура го потврдува
низ сите катови и го опфаќа внатрешниот мост,
кој ги спојува двете работни целини. На тој начин,
сферичната структура внесува динамика во речиси
студениот и своден простор, и мошне добро
комуницира со површините на кои налегнува.

 

Д.Б.

 

doice_bank_1.jpgdoice_bank_2.jpgdoice_bank_3.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top